Разговор со експерти и Q&A сесија (онлајн и офлајн) Разговор со експерти

Са, 29.10.2022

18:00 - 20:00

The Public Room

„Родителство во дигитален свет - надежи и стравови во однос на влијанието на технологијата врз младите“

* Видеозаписот од настанот е достапен на фејсбук-страната на Гете-институт Скопје.

Разговорот со експерти пред се' е наменет за родители. Тој треба да им овозможи различни перспективи на феноменот на дигиталниот свет, на кој нивните деца и тие самите се изложени. Постои можност, сите заинтересирани да постават прашања пред настанот овде, со цел тие да бидат одговорени од страна на експертите.

На овој настан ќе се разговара за прашања, како на пр.:
- Како родителите треба да го регулираат користењето (мобилни) апарати од страна на нивната деца?
- Како технолошкиот развој влијае на комуникацијата меѓу родителите и децата?
- Кои се последиците од лажните вести врз животот на младите?
- Како родителите може да препознаат, дали нивните деца се изложени на сајбер-булинг?
- Што може да направат родителите за онлајн-сигурност на нивните деца?

Гости се:
Арбен Гудачи - експерт за заштита на податоци, проектен менаџер и правник.
Неговата експертиза се протега на многубројни аспекти на заштитата на податоци и слобода говор посебно во сферата на образование на млади. 

Радмила Живановиќ - акредитиран психолог и психотерапевт на EAGT - Европската асоцијација за гешталт терапија и EAP- Европска асоцијација за психотерапија. Таа е советник за кариера, обучувач и покровител на националната програма за социјално менторство, заменик претседател и член на претстедателство од Комората на психолози.

Владимир Петрески - Фондација Метаморфозис, Уредник на македонскиот Сервис за проверка на факти од медиумите со обемно искуство во проверка на факсти и справување со лажни вести.

Настанот ќе го модерира Маја Видеовиќ.

назад