Натпревар за ученици "Мојата дигитална иднина“

Вт, 25.10.2022 -
Че, 10.11.2022

Благодариме за многуте иновативни и креативни прилози. Изборот не беше воопто лесен.

Победници на натпреварот се:
1. Младен Божиновски
2. Кристина Мицковска
3. Оливера Џамбазова

Срдечни честитки!



Гете-институт ги повикува младите, да учествуваат на натпреварот „Мојата дигитална иднина“.
•    Дали си на возраст од 13-18 години?
•    Можел ли да си претставиш, како би изгледала твојата дигитална иднина? 
•  Имаш ли идеја, како креатвно да ја обработиш оваа тема?

Тогаш те покануваме да учествуваш на натпреварот „Мојата дигитална иднина“.

За кои теми се работи?
Се работи за твојата дигитална иднина!
Како си ја замислуваш? Што сакаш да заштитиш и сочуваш? Што би сакал да промениш?

Која е твојата задача?
Креирај сценарио за иднината во кое ќе прикажеш, како го замислуваш животот во 2050 година. Обработи подетално една тема. Избери една тематска област, како на пр.
•    образование
•    вмрежување
•    мобилност
•    професии на иднината
•    соживот
•    култура (култури)
 
Можеш да одбереш и друга тематска област.

Можеш сам да одлучиш, кој формат ќе го искористиш за твојот прилог (на пр. подкаст; PowerPoint-презентација; видео; постер; ѕиден весник; колаж; стрип; фото-сторија, перформанс или сл.). Креативноста нема граници.
Твојата идеја можеш да ја претставш на германски, англиски, македоснки или албански јазик. Прилози без јазични елементи исти така се земаат предвид.

Прати го твојот прилог најдоцна до 10.11.2022 на bkd-skopje@goethe.de.
Важно: Со праќање на прилогот се согласуваш со условите за учество (види подолу).

Што можеш да освоиш?
1.    награда: дрон DJI Mini 2 во вредност од приближно 500 евра
2.    награда:     Garmin GPS-спорстки часовник GARMIN Venu Sq 2 music slate во вредност од приближно 300 евра
3.    награда:     слуѓалки JBL Stereo LIVE 460NC Bluetooth во вредност од приближно 130 евра

Наградите ќе се доделуваат на 18.11.2022.

Критериуми за вреднување на прилозите:
Жири-комисија ќе ги вреднува прилозите според оригиналност и креативност, како и обработката на темата според содржина, јазик и техника.
Користење на слики и видеа или содржини кои вие сами не сте ги направиле, автоматски води кон исклучување од натпреварот.

Контакт
За прашања во врска со содржината на натпреварот и/или постапката за конкурирање може да се обратиш на bkd-skopje@goethe.de.

Се радуваме за вашето учество на натпреварот!

Тимот на Гете-институт Скопје

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
  • Можеш да учествуваш на натпреварот, ако имаш од 13 до 18 години и ако си ученик во училиште во Северна Македонија
  • Внимание: не смееш да користиш музика, фотографии, текстови или делови од текстови кои едноставно си ги преземал од интернет. Треба сам да направиш фортографии, односно сам да напишеш текстови. Музика која смееш да ја користиш можеш да најдеш на пример во архивата Free Music Archive. И оваа музика не смееш туку така да ја користите. Најпрво треба да прочиташ како смее да се користи и на крајот на филмот да го наведеш насловот на песната и линкот до веб страната, името на композиторот како и линкот до лиценцата (на пр. CC BY-NC-SA 3.0). Дополнителни информации ќе најдеш овде: © Regeln auf PASCH-net
  • Сите личности кои се појавуваат во твојот прилог, мора да се согласни со тоа.
  • Кога аплицираш, се изјаснуваш дека се согласуваш твојот прилог да се објави на каналите на Гете-институт наведувајќи го и твоето име.
  • Жири-комисија одлучва кој ќе биде победник. Одлуката на жирито е конечна и не може да се обжалува.
  • Со поднесување на твојата апликација се изјаснуваш дека се согласуваш со условите за учество.

назад