Брз пристап:
Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Grüne Weihnachten - адвентски календар Goethe-Institut© Carolin Eitel, Goethe-Institut

адвентскиот календар 2019

И оваа година времето на адвент ни е на прагот, а тоа значи повторно е тука и адвентскиот календар на Гете-институтот!
 
Оваа година ги придружуваме Саша и нејзината кучка Каша, коишто се обидуваат своето секојдневие во периодот пред Божиќ да го исполнат со трајни работи: тие печат колачиња, изработуваат божиќни украси и одат дури и на адвент на Fridays for Future (Петоци за иднината).
 
Зад секоја вратничка се крие прекрасен пакет со изненадување од Гете!  Секој ден освојувај подароцикои ќе те забавуваат, ќе те поттикнат на размислување или ќе ти го направат секојдневието позелено! Дополнително и оваа година некој од учесниците по пат на извлекување ќе добие, како главна награда, бесплатен онлајн индивидуален курс по германски јазик. Учеството се исплаќа!
 
Можеш и ти да добиеш: Едноставно, одговори со коментар на нашите секојдневни прашања од адвентскиот календар. Многу забава!

​Моето име е Саша

Минатата година за првпат го поминав Божиќ во Германија – кај моето „о-пер” семејство. Ние, во Украина, Божиќ го славиме поинаку, затоа многу работи беа нови за мене. Имаше што да се научи за Божиќ во Германија – и тоа ми беше многу забавно. Јас и понатаму живеам во Германија, бидејќи студирам тука, најдов работа и многу пријатели и пријателки. Освен тоа, имам и куче: Каша. „Каша” во Украина значи каша и е, по „мама“ и „тато“, еден од најважните зборови, коишто децата ги учат таму. Значи, по мама и тато, Каша – таа ме придружува на секој чекор и ми помага во подготовките за Божиќ. Божиќ е празник на љубовта и совесноста – сакам со задоволство да Ви покажам што значи тоа за мене. Бидејќи совесност значи, исто така, да се внимава на себе и на својата животна средина. Оваа година во Германија веќе подобро се снаоѓам и се радувам што мојот зелен Божиќ ќе го прославам заедно со Вас.

Never miss a door!

Receive a daily reminder (in German) to open advent calendar doors. 

EITHER - OR: TEST YOUR ECO TYPE

What eco type are you?
Our quiz is played against the clock. Repeat the quiz to improve your result.

Junge Frau am Laptop Foto (Ausschnitt): © Getty Images

Deutsch Online Individual

Learn German whenever and wherever you like from level A1-B2. With Deutsch Online Individual, our general online language course.