Брз пристап:
Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)

адвентскиот календар
7 декември

Викенд е и конечно наоѓам време да раширам малку божиќна атмосфера во мојот стан. Времето околу Божиќ со своите слики и мириси ми е навистина многу убаво и сакам да го украсам малку и мојот дом и да го направам пријатен. На мојата прошетка по снегот собрав паднати гранки од елка и шишарки. Ги сушев неколку дена и со нив ги украсив нашите потпрозорски штици. Освен тоа, изработив и снегулки од хартија, коишто ги закачив на прозорците. Но, она што посебно го сакам е: да исушам Apfelringe (прстени од јаболка). Јаболката ги набавувам од локалниот органски земјоделец, бидејќи неговите јаболка не само што се здрави, туку имаат и најинтензивен вкус. Откако ја извадив внатрешноста од јаболката, ги насеков јаболката на цели прстени. Колку се потенки резанките, толку се покрцкави! Ги oставам неколку минути во вода и сок од лимон и потоа ги нанижувам на конец - така што да не се допираат! Ги оптегнувам жиците низ целата дневна соба - доволно високо за да не може Каша да ги достигне. Таа многу сака прстени од јаболка! А јас уживам во убавиот мирис што го шират тие во станот!  
 
Кои ритуали ги имате Вие во периодот пред Божиќ?

Leave a comment on this page (preferably in German) for a chance to win today's surprise package! Additionally, a German Online Individual course will be raffled among all participants. In participating, you accept the Terms and Conditions linked below. Have fun and a lovely Advent season!
КОМЕНТАР Отворете повеќе врати