Брз пристап:
Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)

адвентскиот календар
12 декември

Каде ме одведе Саша повторно? Сè мириса и звучи и сјае. Сè се тресе и трча и оди. Нозе, нозе, нозе – куче! Тука! Пријател? Пријател? Мириса на – пријателка! Саша! Каде е Саша? Сепак можам да ја помирисам – таа е тука долго – и тука, и – виршли. Една виршла во раката. Една рака со дете. Едно дете со – ако смеам да лижнам, смееш и ти – хеј! Ако смееш да ме погалиш, смеам и јас – еден родител. Возрасни! Кратко `ржење и излегувам од прашината. Саша! – Ова овде мириса - и сега ми припаѓа мене. Каша. Беше. Овде. - И риење, погледнување налево, надесно – воздухот е чист. Но, ни надалеку ја нема Саша. Подот е студен и влажен и сè е гласно. Никој не ме гледа, никој не ме слуша. Саша?! Овде мириса на штала, на слама, на топли животни. Кога сум толку уморна , ќе си легнам – само малку – само сосема кратко... 
 
Дали погодивте каде се изгуби Каша?

Leave a comment on this page (preferably in German) for a chance to win today's surprise package! Additionally, a German Online Individual course will be raffled among all participants. In participating, you accept the Terms and Conditions linked below. Have fun and a lovely Advent season!
КОМЕНТАР Отворете повеќе врати