Брз пристап:
Оди директно на содржината (Alt 1)Оди директно до секундарната навигација (Alt 3)Оди директно до главната навигација (Alt 2)

адвентскиот календар
18 декември

Во среда вообичаено ги наводнувам моите собни растенија, бидејќи прочитав дека за нив е добро да се запази редовноста – и тоа не го заборавам така лесно, бидејќи за мене среда е ден за растенијата. Исто така, се грижам и за останатите растенија во станот и моите цимерки и цимери велат, дека имам „зелен палец” (имам посебен талент за тоа). Тоа значи дека добро се справувам со растенијата и дека тие добро напредуваат со мојата нега. Додека ги наводнував растенијата одеднаш добив желба да донесам божиќно дрво за нашиот стан. Знаете ли дека божиќно дрво може да се изнајми наместо да се купи? Мојата цимерка предложи наместо тоа да го накитиме фикусот (Gummibaum). Дрво од гума? Тоа не звучи одржливо! Смеејќи се ми објасни: не е дрвото од гума, туку од ова дрво може да се добие природен каучук – оттаму доаѓа и неговото име Gummibaum. А тоа веќе стои кај нас во аголот од собата. Брзо ги распакувавме божиќните украси, коишто веќе ги имавме во станот – а кон нив ги закачивме и нашите украси од ореви и шишарки, коишто ги направивме сами. А Каша, како и секогаш, не помогна при средувањето, туку при криењето – што да се прави!  
 
Кои алтернативи на божиќни дрва ги знаете и ги користите Вие?

Leave a comment on this page (preferably in German) for a chance to win today's surprise package! Additionally, a German Online Individual course will be raffled among all participants. In participating, you accept the Terms and Conditions linked below. Have fun and a lovely Advent season!
КОМЕНТАР Отворете повеќе врати