Како функционира советувањето?

Имате прашање или проблем? Ви требаат одговори или совети? Во советувалиштето ќе најдете луѓе кои ќе Ви помогнат. Овие советници го знаат одговорот на Вашето прашање или знаат каде може да добиете помош. 

Не сакате да одите сами во советувалиштето? Тогаш може да го земете Вашиот маж или да ја земете Вашата жена со Вас, на пример, или пријател или пријателка или некое друго лице. Во многу советувалишта може и да се јавите по телефон. Тогаш советниците ќе одговорат на Вашите прашања по телефон. Има и онлајн советувања: Вашите прашања може да ги поставите по е-маил или преку онлајн разговор (chat). 

Советувањата се анонимни: советниците само разговараат со Вас за Вашите проблеми. Тие не смеат да им раскажат на други луѓе за Вашите прашања или проблеми. Советувањата се исто така и неутрални: советниците сакаат да Ви помогнат. На советниците може да им верувате, не треба да се плашите. Обично советувањата се бесплатни: не мора да платите пари за помошта. Понекогаш веднаш ќе добиете помош за време на советувањето, понекогаш мора да закажете термин. 

Дали има специјално советувалиште за мене?

Има специјални советувалишта за мигранти: советувалиштето за миграција на возрасни доселеници (Migrationsberatung für erwachsene Zuwanderer, скр. MBE) и службите за миграција на младите( Jugendmigrationsdienste, скр. JMD) се анонимни, неутрални и бесплатни. MBE им помагаат на сите возрасни мигранти. JMD им помагаат на луѓето помеѓу 12 и 27 години и на нивните родители. Советниците таму обично зборуваат многу јазици. Советникот не го зборува Вашиот јазик? Вашиот германски сè уште не е доволно добар? Тогаш може да Ви помогне толкувач: толкувачот ги зборува и двата јазика. 

Што може да го прашам советникот?

Советувалиштата на JMD и MBE ќе Ви помогнат за сите прашања и проблеми во врска со животот во Германија, на пример: колку време смеам да останам во Германија со мојата виза? Каде да најдам помош ако имам проблеми во семејството? Каде може да научам германски? Каде да најдам стан? Дали може да работам во Германија? Каде да најдам работа? Што да правам ако имам финансиски проблеми? Што да правам ако сум болен/болна? Кој ќе ми помогне ако добијам дете? Каде да добијам возачка дозвола? Каков возен билет ми треба за воз? Како може да побарам признавање на моите свидетелства? Пред сè, советувалиштата на JMD помагаат при ориентацијата во училишниот систем и системот на стручна обука. 

Јас сум во Германија. Каде да најдам советувалиште?

Веќе сте во Германија и барате контакт со некое советувалиште? Под Важни адреси може да ги најдете советувалиштата (MBE или JMD) блиску до Вас. Резултатите со информации, како на пример, адреса или телефонски број, ќе ги видите прикажани на картата. 

Сè уште сум во мојата татковина. Дали има и за мене советувалиште?

Сè уште не сте во Германија и барате контакт со некое советувалиште? За тоа има едно советувалиште за мигранти на интернет. Кликнете на Online-Beratung. Таму ќе најдете дополнителни информации.