Nahaufnahme auf einen Tisch im Freien mit einem Getränk darauf. Man sieht einen Arm einer Person, die ein Smartphone bedient. © Goethe-Institut

Кој сака да се јави во Германија со СИМ картичката од дома, честопати има проблеми. Бидејќи многу картички не работат во Германија и повици со странски SIM картички е многу скапо.

Постојат неколку начини да се направат мобилни повици во Германија. Еве листа на информации за различни провајдери:

Handytarife.de: преглед на даватели на мобилни услуги

Договор за мобилен телефон

Една можност е, на пример, договорот за мобилен телефон. Но за тоа Ви треба германска банкарска сметка и лична карта. Провајдерите проверуваат дали клиентот навистина може да плати. Внимание: Не потпишувајте договор што не го разбирате, туку побарајте помош за преводот. Договорот за мобилен телефон обично има рок од една до две години. Откажувањето на договорот однапред често не е можно. Сметката обично се плаќа на крајот на месецот, се додека договорот е валиден. Внимание! Сакате да го промените вашиот договор по неговиот истек ? Тогаш  море  да го прекинете тековниот договор на време. Обично треба да го направите тоа три месеци пред истекот на договорот. Во спротивно може да биде дека договорот автоматски се обновува уште една или две години.

Ein Mann lehnt an einem Laternenpfahl und telefoniert mit seinem Handy. © Goethe-Institut

Припејд – SIM - картичка

Друга опција е припејдната SIM картичка. Картичките често може да се купат во супермаркет, на бензински пумпи или киосци за малку пари. За ова треба да склучите договор. Кога активирате треба да го докажете името, адресата и датумот на раѓање. За да го направите ова, мора да го покажете вашиот пасош, лична карта или друга официјална фотографија во продавницата. Понекогаш ви е потребна дозвола за престој.

Ја  купивте при-пејд-картичката директно од мобилниот оператор во продавницата? Тогаш можете да ја активирате картичката директно во продавницата. Исто така добивате помош. На пример, дали сте ја купиле припејд SIM картичката во супермаркет? Тогаш можете да го докажете вашиот идентитет преку видео-идентификационен метод преку вашиот паметен телефон, вашиот таблет или веб камера на компјутерот.Откако ќе се активира припејд SIM картичка, мора да ја дополните картичката со кредит. Кредитот се користи кога правите повици, пишувате текстуални пораки и сурфате на Интернет. За да ја наполните картичката, можете да купите картички со кредит . Овие картички се достапни во исти продавници со продажба на SIM картички, на пример во супермаркети, бензински пумпи или киосци. На картичките со кредит има еден долг број . Мора да го внесете бројот во мобилниот телефон за да го наполните мобилниот телефон со кредит кој што ќе можете да го користите.

Billiger telefonieren.de: International call rates

In einem Geschäft hängen viele verschiedene SIM-Karten von verschiedenen Anbietern auf einer Verkaufsstange. © Goethe-Institut

Мобилна дата

Со паметен телефон, исто така можете да сурфате на интернет, ако имате припејд SIM картичка. Но кредитот може да се потроши брзо. Затоа, поевтино е ако купите одредени тарифи. Потоа, на пример, можете да користите одреден број денови на мобилен интернет за одреден износ или можете да купите одредена количина на податоци.

Ein Mann sitzt vor einem Café und nutzt sein Smartphone. © Goethe-Institut

WLAN

Ако сакате бесплатно да пребарувате по Интернет, можете да користите Wi-Fi мрежи. Во кафулиња, библиотеки или други јавни згради, често има бесплатен Wi-Fi. Сакате да пребарувате за бесплатни Wi-Fi мрежи во вашата област? Тогаш веб-страницата на Free Hotspots ќе ви помогне да пронајдете јавен пристап до Интернет во близина.

Јавни WLAN мрежи во Германија