Ein Mann schaut aus einem Fenster und lacht dabei. © Goethe-Institut

Пасош и виза

За да допатувате во Германија Ви треба важечки пасош или некој друг документ кој го потврдува Вашиот идентитет. Пасошот ќе Ви треба и подоцна, во државните служби. На граѓаните кои не доаѓаат од Европската Унија (ЕУ) им е потребна и виза. 

Виза ќе добиете во германската амбасада (конзулат) во Вашата татковина. Веќе имате работен договор во Германија или дел од Вашето семејство веќе живее тука? Тогаш полесно може да добиете виза. Информации ќе добиете од министерството за надворешни работи. 

На граѓаните од ЕУ или од некоја друга земја од Европската Економска Зона не им треба виза.

Auf einer Hauswand sieht man ein Schild, das zum Bundesamt für Migration und Flüchtlinge führt. © Goethe-Institut

Управа за пријавување на боравок и наслов за престој

Во Германија прво мора да се пријавите во управата за пријавување на боравок во Вашиот град. Потоа мора да одите во управата за странци. Таму ќе добиете наслов за престој. Тоа е карта со Вашиот статус на престој. Таму пишува колку време смеете да останете во Германија и дали смеете да работите. 

Мора да одите во некоја државна служба, а сè уште не зборувате добро германски? Тогаш може да побарате толкувач: толкувачот зборува германски и го зборува Вашиот јазик и може да Ви помогне за разговорот.

Курс за интеграција

Не зборувате добро германски? Тогаш смеете да посетите курс за интеграција. Понекогаш мора да посетувате курс за интеграција. На курсот подобро ќе научите германски. И таму ќе добиете важни информации за животот во Германија. Управата за странци ќе Ви даде потврда за курсот и ќе Ви каже каде може да посетувате курс за интеграција. Повеќе за тоа може да прочитате во текстот „Курс за интеграција“.

Ein Kursteilnehmer lacht in die Kamera. Er befindet sich im Klassenzimmer. © Goethe-Institut

Барање работа и образование

Следниот чекор е барање работа. Веќе сте научиле некоја професија во Вашата татковина или сте биле на универзитет? Тогаш ќе мора да се преведат Вашите документи и да се признаат. Прашајте во Агенцијата за вработување каде може тоа да го направите. Агенцијата за вработување ќе Ви помогне и при барањето работа. Ако сè уште немате некоја професија или завршен образовен степен, сепак отидете до Агенцијата за вработување. Таму ќе добиете професионално советување. Ќе Ви помогнат ако не сте сигурни што сакате да работите или што можете да работите. Агенцијата за вработување информира и за обуки и курсеви. Повеќе за тоа ќе најдете во текстот „Студии и стручно образование“.

Деца и училиште

Децата на возраст од околу 6 години мора да одат на училиште. Пријавете го Вашето дете на училиште. Службата за детска заштита во Вашиот град може да Ви помогне. Повеќе за тоа може да прочитате во текстовите „Ран детски развој“ и „Училишен систем“.

Осигурувања

Неколку осигурувања се многу важни: пред сè здравственото осигурување, пензиското осигурување и осигурувањето за нега (видете „Осигурувања“). Ако имате работно место, овие осигурувања ќе ги добиете автоматски (видете „Почеток со работа“). И потребна Ви е жиро-сметка во банка (видете текст „Банковна сметка и финансии“).

Важни адреси

Барате носители на курсевите за интеграција или управа за странци? Под Важни адреси може директно да ги побарате адресите коишто се најблиски до Вас. Резултатите со информации, на пример, адресата и телефонскиот број, ќе ги видите прикажани на карта.

Често поставувани прашања

Further questions? Write us via the contact form. We will forward your questions anonymously to the advisors of the youth migration services.

Contact form