Kursteilnehmende machen eine Wortübung auf dem Tisch. Zu sehen sind Wortkarten und Lehrbücher. © Goethe-Institut

Учество

Новодојдени сте во Германија и сакате да го научите јазикот: за тоа може да го посетувате курсот за интеграција. Ако не знаете германски или зборувате само малку германски, имате обврска да учествувате, тоа знали дека мора да посетувате курс за интеграција. 

Управата за странци ќе Ви даде потврда за право на учество и список со носители на курсот, односно јазични училишта. Потоа може да најдете училиште блиску до Вас и таму да се пријавите. 

Адресите на сите носители на курсот за интеграција може да ги најдете и на Важни адреси. Таму може да барате носители на курсот директно блиску до Вас. Резултатите со информациите, на пример, адреса или телефонски број, ќе ги видите прикажани на карта. 

Der Ablauf eines Integrationskurses ist auf einem Whiteboard schematisch dargestellt. © Goethe-Institut

Тест за класификација, часови и испит

Откако ќе с епријавите, кај носителите на курсот ќе направите тест за класификација. Така ќе се најде соодветниот курс за Вас. Трошоците за Вас се 2,20 евра наставен час. Ако имате многу малку пари, не мора ништо да платите и/или ќе Ви бидат покриени патните трошоци. Курсот за интеграција се состои од јазичен курс и ориентациски курс. 

Нормалниот јазичен курс има 700 наставни часови. Тука се учи јазикот со теми од секојдневието како пазарување, станбени прашања, деца, медиуми, слободно време, училиште и работа или посета кај лекар. 

На крајот полагате завршен испит „Тест по германски за доселеници“ (Deutschtest für Zuwanderer). По испитот ќе добиете „Сертификат од курс за интеграција“ („Zertifikat Integrationskurs“). Со тоа ќе зборувате, читате и пишувате германски на ниво A2 или Б1. Многу работодавци сакаат да го видат овој сертификат. Понекогаш ќе Ви треба и во државните служби, како што е Управата за странци. Ако побарате натурализација, односно ако сакате да станете Германец/Германка, сертификатот „ Сертификат од курсот за интеграција “ исто така ќе Ви биде корисен. 

Не сте го положиле завршниот испит? Тогаш ќе добиете уште еднаш 300 часа настава. И испитот може да го полагате повторно.

Ein Kursteilnehmer ist im Klassenzimmer zu sehen. © Goethe-Institut

Посебни курсеви

За младите до 27 години има специјален курс за интеграција, младински курс за интеграцијаТој ќе Ви помогне, ако сакате да се школувате. Информации ќе добиете кај Сојузната служба за миграции и бегалци(Bundesamt für Migration und Flüchtlinge). 

Во некои градови има и специјални курсеви, како курсеви само за жени, курсеви за описменување или курсеви со организирано чување на децата. Прашајте во јазичното училиште.

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт