Bankkonto und Finanzen Foto: © colourbox.de

Сметка

Ако живеете и работите во Германија, Ви треба банковна сметка. Сметката може да ја отворите во некоја банка или штедилница. Најголем број на банките и штедилниците имаат филијали. Некои банки може да ги користите само преку интернет. Обично за сметка треба да се платат нешто пари, такса. За ученици и студенти сметката е обично бесплатна. Има различни сметки: кај сметката со депозит може само да ги подигате парите кои претходно сте ги уплатите. Кај сметка со диспозициски кредит (диспо) може да подигате пари и кога немате веќе пари на сметката. Банката Ви позајмува пари до одреден износ. Но, не само што мора да ѝ го отплатите износот на банката, туку исто така ѝ плаќате и камата. Обично каматата е многу висока.

Отворање на сметката

Сакате да отворите сметка? Тоа може да го направите во секоја филијала. Банката или штедилницата мора прво да го проверат Вашиот идентитет. Значи прво треба да ја покажете Вашата лична карта или пасош. 

Кај многу банки може да отворите сметка и онлајн или по пошта. За тоа може да ја користите постапката „Постидент“: ќе добиете документи од банката или штедилницата. Со документите и Вашата лична карта или пасош ќе одите во пошта. Таму може да Ве идентификуваат. Понекогаш за отворање на сметката може да Ви треба потврда за пријавено живеалиште. 

Дознака

За киријата и Вашата плата Ви треба жиро-сметка. Вашиот работодавец ќе Ви ја исплати платата со дознака. А Вие обично мора да ја платите киријата за Вашиот стан со дознака. За редовно плаќање со дознака може да издадете траен платен налог. За други плаќања со дознака ќе добиете од банката или од штедилницата еден документ – уплатница. Колку пари сакате да префрлите? И кој треба да ги добие парите? Информациите ги запишувате на уплатницата. Потоа уплатницата ѝ ја давате на банката/штедилницата. Сакате да префрлите пари преку интернет? Кажете кога ќе ја отворате сметката дека сакате Online-Banking или Home-Banking.

EC-картичка и кредитна картичка

За Вашата жиро-сметкаштедилницата ќе Ви ја испратат EC-картичката и/или кредитната картичка обично по пошта. Мора да ја потпишете картичката. Неколку дена подоцна ќе добиете по пошта таен број за Вашата картичка, ПИН број. Тајниот број ќе мора да го запамтите. 

Со EC-картичката може да подигате пари од сите банкомати. За тоа секогаш ќе Ви треба тајниот број. Со кредитната картичка може да плаќате во некои продавници или на интернет. Готовината може да ја уплатите во филијалата на Вашата банка/штедилница.

Камата

За парите на Вашата сметка ќе добиете камата од банката или штедилницата. За парите на жиро-сметкатадобивате само малку камата. Ако сакате да штедите пари, може да отворите штедна сметка без орочени средстваили штедна сметка со орочени средства. Така ќе добиете нешто повеќе камата отколку кај жиро-сметката.

Често поставувани прашања

Постојат многу различни банки во мојот град. Каде да отворам сметка?

Дали може да подигнам пари со мојата EC-картичка од сите банкомати?

Дали може да платам со EC-картичка во продавница?

Дали може да префрлам пари од мојата сметка во странство?

Сакам да си купам автомобил, но немам пари. Ќе добијам пари од мојата банка?

Зедов кредит од една банка. Но, не можам да ги вратам парите. Што може да правам?

Имате уште прашања? Тогаш контактирајте ги советниците и советничките од службите за миграција на младите. 

Онлајн советувањето