За нас

Што е Гете-герила?

© Goethe-Institut
© Goethe-Institut
Дефинициите за појмот „герилец” се разновидни, често недоволно јасни, а од неодамна овој збор доби уште едно значење. Обично герилци се нарекуваат припадници на (вооружена) група која се спротивставува на сваќањата и на правилата на мнозинството. Освен тоа, во нашиот регион постојат тнр. урбани герилци, во кои ги вбројуваме уметниците на графити, скејтерите и други групи кои сакаат да влијаат врз општеството на независен и креативен начин. Гете-герилата е најнов потомок на герилското семејство. За разлика од вообичаените герилци, според кои го добиле името, тие се група на мирољубиви и креативни млади луѓе, кои се залагаат за ширење на германската и за оживување на сопствената култура. Кон таа работа тие пристапуваат промислено, со исклучителна оригиналност и енергија. Целта на нивните акции е да потикнат позитивни промени во сопствената животна околина и општеството да го наведат на поактивен пристап.

Гете-герилата ја чинат млади луѓе од 20 до 25 години, на кои Гете-институтот им даде прилика самостојно да осмислуваат и да спроведуваат културни проекти во Белград, Приштина, Сараево, Скопје и Загреб. Нивните проекти се однесуваат на музиката, ликовната уметност, општествени феномени, јазикот и на други области, и не подлегнуваат на никакви ограничувања. Доволно е да се занимаваат со германската култура или барем да имаат врска со неа.

Многу меѓу членовите на Гете-герилата сè уште се студенти или само што завршиле факултет, така да уште немаат постојано вработубање. Благодарејќи на подршката на Гете-институтот, тие во рамките на оваа иницијатива имаат прилика во пракса да ги проверат своите професионални и други способности, и да ги испитаат своите граници.

Гете-институтите на герилците им обезбедуваат можност да дејствуваат врз сопственото опкружување, а во рамки на цивилно општесво. Од друга страна, Гете-институтот и самиот профитира од креативноста и еланот на секоја генерација на герилците. Членовите на Гете-герилата стекнуваат искуства осмислувајќи и подготвувајќи културни настани, но и така што соработуваат со германски уметници. Од тие причини произлегуваат необични манифестации со исклучителен квалитет, а припадниците на Гете-герилата така стекнуваат дополнителни квалификации, кои еден ден ќе им користат во професионалниот живот.

Ваквиот начин на работа – на границата помеѓу институциите и слободните акции – овозможува креативна културна размена меѓу Гете-институтот, германските уметници и младите луѓе од земјите опфатени со проектот, од што профитираат сите учесници. Членовите на Гете-герилата со тоа,преку своите проекти, им ја приближуваат германската култура на врсниците, на нов и на директен начин. Групи на Гете-герилата дејствуваат во Босна и Херцеговина, на Косово, во Хрватска, во Македонија и во Србија, а 2012 ќе се оформи група и во Црна Гора. Секој од овие тимови изведува проекти во сопствената земја, но на заеднички проекти соработува и со тимови од други земји.

    Гете-герилата

    Тековни информации за нашите активности

    Goethe-Guerilla

    Fotostream

    Weblog: Goethe-Guerilla

    The Goethe-Institut Belgrad will be 40 - and it is getting younger: Who is the Goethe-Guerilla and what is it doing?