Ден на отворени врати

Ден на отворени врати ©Милан Стрезовски

Са, 01.09.2018

10:00 - 18:00

Гете-институт Скопје

Ден на отворени врати

­Гете-институт Скопје со задоволство Ве поканува на Денот на отворени врати

Кога? Сабота, 01.09.2018, 10.00 – 18.00 часот
Каде? Бул. 8 Септември 18-1/5 1000 Скопје
 
Дали се интересирате за германскиот јазик и за Германија? Посетете не со цел:

- да добиете конкретна претстава за Гете-институт;
- да ги запознаете низ разговор и театар лично нашите професори;
- да ги научите првите зборови на германски јазик со учество на пробен час во модерно опремените училници;
- да учествувате на квиз за Германија и да освоите мали награди; 
- да ги проверите вашите познавања на германскиот јазик; да слушнете германска музика и да се информирате за актуелните настани и проекти, стипендии, за PASCH- училиштата и за културните друштва;
- да ги запознате  дигиталните понуди за изучување на јазикот. 

Богатата програма ќе биде заокружена со доделување на еден бесплатен курс за најсреќниот посетител.
 
Ви стоиме на располагање да одговориме на вашите прашања и ќе се потрудиме да си поминете убаво во нашите простории.

Во прилог можете да ја погледнете деталната програма за Денот на отворени врати на Гете-институт Скопје.
 
Гете-институт Скопје со задоволство ве очекува!

Ден на отворени врати во Гете-институт Скопје Гете-институт Скопје
 

назад