Ein Bräutigam steckt seiner Braut den Ehering an den Finger. © Goethe-Institut

Документи

Во многу земји венчавката е во матична служба. Тоа е државна венчавка. Така е и во Германија. Може и во црква да се венчате. Венчавката во црква доаѓа по венчавката во матично. 

Сакате да се венчате во Германија? Тогаш мора да се пријавите во матичната служба во Вашето место на живеење. За пријавувањето Ви теба: потврда за пријавено живеалиште, Вашата лична карта или пасош и Вашиот роден лист. Имате деца со Вашиот партнер или партнерка? Тогаш мора да ги донесете и документите за децата. Овие документи ќе треба да ги дадете да се преведат на германски јазик. Нотарот мора да потпише дека преводите се точни. Мора да ги завери документите. 

Кога ќе се венчате, во матичната служба ќе добиете нов документ: венчален лист (Heiratsurkunde или Eheurkunde). Ако сакате, може да добиете и книга за семејното стебло со информации за Вашето семејство. 

Веќе сте се венчале во Вашата татковина? Тогаш таму сигурно сте добиле некој документ, Тој документ е Вашиот странски венчален лист (ausländische Heiratsurkunde или Eheurkunde). Во Вашата матична служба во Германија може да поднесете барање за признавање.  

Свадбена прослава

Најчесто луѓето за свадбата организираат голема прослава. Невестата, односно жената, често носи бела венчаница. Многу парови купуваат свадбени прстени. На свадбата младоженецот, односно мажот, добива прстен од жената и жената добива прстен од мажот. 

Повеќе информации на тема „Интернационално склучување брак“ ќе најдете на интернет страните на министерството за надворешни работи. 

Информации за „Доселување на брачниот другар“, односно кога Вашиот брачен другар ќе Ви се придружи во Германија, ќе најдете на интернет страните „Добредојдовте во Германија“ („Willkommen in Deutschland“) на Сојузната служба за миграција и бегалци BAMF.

Video International Sign

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт