За проектот

"Mein Weg nach Deutschland" ("Мојот пат до Германија") е дел од проектот “Mein Weg nach Deutschland – Migrationswege erfolgreich gestalten” („Мојот пат до Германија – успешно обликување на миграциските патеки“) на Гете-институтот. Проектот е наменет за лица од земји надвор од ЕУ кои сакаат да се преселат во Германија по професионални или лични причини, или веќе живеат во Германија. Нашата цел е да ги поддржиме новодојдените од самиот почеток – со практични информации, помош и можности за вмрежување.

Без разлика дали се работи за работа или лични причини, оние кои доаѓаат во Германија често имаат многу прашања: Како да најдам работа или стручно образование? Каде можам да учам германски? Кои права и можности ги имам? "Mein Weg nach Deutschland" („Мојот пат до Германија“) нуди јасни одговори на овие прашања на едно место. Нудиме информации за живеење и работа во Германија на 30 јазици, бесплатни можности за вежбање германски и адреси на советодавни центри. Цврсто веруваме дека патот до Германија станува полесен кога има места и луѓе кои помагаат при пристигнувањето. Затоа нашите коучи за добредојде („Willkommenscoaches“) се достапни низ цела Германија за да одговорат на прашања и да ве водат низ првите чекори.

Дополнително, програмите за прединтеграција („Vorintegration“) во вашата матична земја можат да помогнат во подготовката за преселба и да го направат преминот во Германија што е можно полесен.

Сакате да стапите во контакт со нас? Имате прашања или коментари? Слободно испратете ни е-пошта на: mwnd@goethe.de

Следете не