Брз пристап:

Оди директно на содржината (Alt 1) Оди директно до главната навигација (Alt 2)
Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

4 личности, мајка, татко и 2 деца на аеродром © Goethe-Institut/Dimitar Petrovski

Мојот патоказ - Бесплатно советување за Германија

На порталот „Мојот Патоказ“ ќе најдете корисни информации во врска со секојдневниот и професоналниот живот во Германија. Овој портал е особено корисен за мигранти кои се преселуваат поради работа и за оние кои сакаат да се преселат кај своето семејство во Германија од Северна Македонија, Албанија или Косово. Одве можете да дознаете повеќе околу преселбата во Германија и да добиете информаци и бесплатно советување, кое ќе го олесни процесот на интеграција. 

Термини за советување:
Секој понеделник и среда од 11:00 до 15:00 часот.
 
Ги нудиме следниве информации:
- информации за испити, пробни тестови и можности за подготовка,
- општи информации за секојдневниот и работниот ден во Германија,
- индивидуално или групно советување преку телефон или преку Zoom или кај нас, во Гете-институт,
- препорака за вежбање и самостојно учење (книги, бесплатни апликации за мобилен телефон, на интернет и сл.).

Искористете ја нашата бесплатна понуда и пријавете се ТУКА!

www.goethe.de/patokaz
Sprachkursteilnehmer Слика: Goethe-Institut / Sonja Tobias

Курсеви по германски јазик во Северна Македонија

Гете-институт Северна Македонија нуди обемна програма на курсеви по германски јазик.