Училишен систем

For migrants with a visa

Училишен систем

© Colourbox.com

Задолжително школување и трошоци

© Colourbox.com Во Германија школувањето е задолжително: децата мора 9 години да одат на училиште. ВО некои сојузни покраини задолжителното школување важи и за децата со нејасен статус на престој. Една учебна година почнува во август или септември и трае до јуни или јули, зависно од сојузната покраина. Обично учениците учат на државни училишта. За тоа не се плаќа школарина. Помали трошоци има за копии, материјали или екскурзии. ВО приватните училишта мора да се плати школарина.
Школарина (das Schulgeld): Тоа се плаќа само во приватните училишта. Во приватните училишта обично се плаќаат многу пари за наставата.
Државно училиште (die staatliche Schule, die staatlichen Schulen): Во Германија повеќето училишта ѝ припаѓаат на државата. За наставата ништо не се плаќа, таа е бесплатна.
Статус на престојот (der Aufenthaltsstatus): Статусот на престојот одредува, на пример, колку време смеете да останете во Германија или дали смеете да работите во Германија. Ако имате статус на престојот, тогаш сте легално во Германија.



Видови на училишта

Има различни видови на училишта. Училишниот систем е различен во сојузните покраини. ВО основното училиште одат сите деца од 6 или 7 години. По 4. одделение (во некои сојузни покраини и по 6. одделение) децата одат во средно училиште. Има многу различни средни училишта. Основното училиште во 4. одделение дава совети на кое училиште детето понатаму треба да оди. Има средно нижо училиште („средно главно училиште“ Hauptschule или Mittelschule, 5.-9./10. клас), тука се добива завршен степен од средното главно училиште (Hauptschulabschluss или квалифицирачки Hauptschulabschluss). Во средното главно училиште има и практични предмети како ОТП или техничко цртање. Повисоко училиште е „средното реално училиште“ (Realschule, 5.-10. клас), тука се добива завршен степен Realschulabschluss. По завршено средно главно училиште или средно реално училиште може да учите некоја професија. А потоа има уште и гимназија (до 12. клас). Тука се полага матура и потоа може да се студира на универзитет. Во гимназијата често се учат 2 до 3 странски јазика, како англиски и француски.

© Colourbox.com Во некои сојузни покраини има сеопфатни училишта (Gesamtschule). Тука сите три вида: средното главно училиште, средното реално училиште и гимназијата се заедно во една установа . Ако едно дете сака да го смени училиштето, на пример од средното главно училиште во средното реално училиште, тука тоа е полесно. Кога училиштата се одделени исто така може да се смени училиштете, но тоа не е толку едноставно. Во секоја сојузна покраина има и двојазични училишта, училишта за посебни потреби, насочени и стручни виши училишта.
Сеопфатно училиште (die Gesamtschule, die Gesamtschulen): Тоа се средното главно училиште, средното реално училиште и гимназијата во една иста установа. Децата посетуваат курсеви кои имаат различна тежина. Ако некое дете не е добро по математика, тогаш посетува поедноставен курс. Ако некое дете е добро по англиски, тогаш посетува потежок курс. Во сеопфатното училиште може релативно лесно да се премине од едно во друго училиште. Но, нема секаде сеопфатни училишта.
Двојазично училиште (die zweisprachige Schule, die zweisprachigen Schulen): Наставата е на 2 јазика, најчесто на германски и на уште еден друг јазик.
Специјално училиште (die Förderschule, die Förderschulen): Децата кои не можат да учат добро или учат споро одат во специјално училиште.
Вишо стручно училиште (die Berufsoberschule, die Berufsoberschulen): Тука може да се стекне повисок образовен степен. Вишото стручно училиште може да се посетува ако имате завршена стручна обука.


Време на часови

Во најголемот број на училишта наставата завршува на пладне или рано попладне (14 или 15 часот). Потоа детете може да оди во дневен престој. Таму мое да стане попладне. Добива нешто за јадење и помош со домашните задачи. За дневниот престој мора да се плати. Сè повеќе има и целодневни училишта. Во овие училишта децата се цел ден, најчесто до 16 или 17 часот.
Дневен престој (der Hort): Во дневниот престој децата може да останат по училиште, ако родителите работат. Понекогаш и пред училиште. Во дневниот престој децата добиваат ручек и помош со домашните задачи. Во дневниот престој децата обично може да останат до 16 или 17 часот.
Целодневно училиште (die Ganztagsschule, die Ganztagsschulen): Во ова училиште децата се цел ден, најчесто до 16 или 17 часот. Добиваат ручек и помош со домашните задачи. А учениците може да посетуваат специјални курсеви, на пример, да учат да свират на некој инструмент, некој спорт или да играат во театарска група. Државните целодневни училишта се бесплатни, во приватните целодневни училишта мора да се плати школарина.

Наставни предмети

Децата имаат многу наставни предмети на училиште. Тука спаѓа и спортската настава. Во основното училиште машките и женските не се поделени, туку имаат заедно спорт. Во другите училишта женските и машките понекогаш имаат заедно спорт, понекогаш се поделени. Често има и пливање. Во најголемиот број на училишта има настава по христијанска веронаука. Но, може да се одјавите од наставата по веронаука и не мора да одите. Како алтернатива има етика и во некои училишта настава за другите религии (на пример, исламот или еврејската религија).

© Colourbox.com

Воннаставни активности

Обично еднаш годишно учениците одат на класна екскурзија. Таа трае обично 3/5 дена. Класот патува заедно во некој друг град или некое друго место. Има и денови за прошетки. Тогаш децата одат заедно на излет. Таму учат нешто за историјата, културата и природата. Училиштата организираат и училишни прослави. На нив има, на пример, театарски претстави или концерти од учениците.

Родители

Секое училиште има родителски одбор, тоа се родителите кои соработуваат со училиштето. Повеќе пати во годината има родителски средби. На нив родителите добиваат важни информации од наставниците и може да се запознаат меѓусебно. Исто така може да закажат средба со еден наставник и да разговараат само со него. Тоа се вика родителски разговор. Тоа се прави кога има проблеми во училиштето. Или можеби кога сакате да знаете како му оди на детето на училиште.
Родителски разговор (das Elterngespräch, die Elterngespräche): Договорен состанок со наставник во училиштето. Ќе добиете информации директно од наставникот. Тој ќе Ве информира за достигнувањата и поведението на Вашето дете на училиште.
Сојузна покраина (das Bundesland, die Bundesländer): Сојузните покраини, 16 покраини, заедно ја сочинуваат Сојузна Република Германија, Една сојузна покраина обично е поголема територија, како на пример, Баварија, Хесен или Северна Рајна Вестфалија. Меѓутоа, има и градови кои се покраини, како на пример, Берлин или Хамбург. Секој асојузна покраина има сопствена влада ̶ покраинска влада, Landesregierung) со свој парламент (Ландтаг, Landtag). Покраинската влада смее да одлучува сама за некои работи, како на пример, во областа на образованието и културата. Меѓутоа, најважните одлуки ги донесува сојузната влада, односно, владата на цела Германија.
Завршен степен во средно главно училиште (der Hauptschulabschluss): Со завршување на средното главно училиште (Hauptschule) стекнувате завршен степен во средно главно училиште (Hauptschulabschluss). Тоа е во 9. клас. Во некои сојузни покраини има и квалифицирачки завршен степен во средно главно училиште (Qualifizierenden Hauptschulabschluss, скр. Quali). Тоа е испит на крајот на 9. клас. Овој испит не мора да го полагате, но ако го имате, полесно ќе најдете место за практична обука во некоја фирма.
Вишо насочено училиште (die Fachoberschule, die Fachoberschulen): По реалното училиште (Realschule) може да се посетува вишо насочено училиште. Ова училиште е насочено кон струките. На пример, постојат виши насочени училишта за техника, или пак, за социјалните професии. Во вишото насочено училиште се оди 2 години, во 11. и во 12. клас. Има практични и теоретски предмети и долга пракса, на пример, во некоја фирма. По завршување на вишото насочено училиште може да се студира на универзитет за применети науки (Fachhochschule).
Настава по веронаука (der Religionsunterricht): Тоа е наставен предмет. Најчесот е настава за евангелиситчката или римско-католичката религија. Во некои сојузни покраини во училиштата има и настава за православна, еврејска или будистичка религија. Во многу училишта за исламот има настава за исламот на турски или на арапски јазик. Децата не мора да одат на настава по веронаука. Но, обично во тој случај не се ослободени од настава; во многу сојузни покраини мора да посетуваат настава по етика. Тоа е настава по филозофија.
Настава по етика (der Ethikunterricht): Во најголемиот број на сојузни покраини учениците може да одберат помеѓу настава по веронаука и настава по етика. Во Берлин сите ученици мора да одат на настава по етика. За наставата по етика не е потребна одредена религија: се учи по нешто за различните религии и за филозофијата.
Родителска средба (der Elternabend, die Elternabende): Повеќе пати во годината се одржува родителска средба. На неа ќе дознаете важни информации од училиштето, разговарате за планирани екскурзии и класни излети. И ќе ги запознаете другите родители.

For asylum seekers

School system - For asylum seekersen

Schooling

Education is compulsory in Germany. This means that children have to go to school for 9 years. Refugee children also have to attend school but they have to wait several weeks before they can do so. The exact length of the waiting period is determined by the respective federal state. Sometimes it may take just a few weeks, but occasionally it may take up to six months. The prerequisite is that you are no longer staying at the initial reception centre. Once you are living in your allocated centre, your children can go to school.

You can get help at the Residents’ Registration Office [Einwohnermeldeamt]. Your contact person will contact a suitable school. After that you will be able to visit the school and meet the teachers.

Children and teenagers who don’t speak German will initially be in a separate class where they will study German and learn about the German culture. These are so-called welcome classes or transition classes designed to make the start at a German school easier. The teachers will be happy to provide support and gladly answer questions.

Attending school is free for refugee children. If your children have to take the bus to get to school, for example, they don’t have to pay for it. School lunches, field trips, books, pencils and notepads are also free. The school will pay for it. To get this type of financial support you will have to fill out several documents. You can get more information at your town hall.