Да се осмелиме да се сетиме

Во кој правец?

  • Read in Turkish by the author
    Sie benötigen den Flashplayer, um dieses MP3 zu hören.
  • An excerpt from In Which Direction by Cem Akaş
    Sie benötigen den Flashplayer, um dieses MP3 zu hören.

Eine Kurzgeschichte des Schriftstellers Cem Akaş aus der Türkei in einer Übersetzung von Christoph K. Neumann.

Чувствувајќи нешто чудно Мелтем се разбуди: возот беше запрел.

На момент, не сфати каде се наоѓа.

Од Сиркеџи Истанбул се качија на солунскиот воз, со Онур се сместија во едно чисто и удобно купе и на лаптопот кој го беше донел го гледаа филмот „Лизгачки врати“ со Гвинет Палтроу.

Го затвори прозорот, ги спушти завесите кога водеа љубов, забележа дека ова отсекогаш посакувала да го направи; потоа малку читаа книга, и заспаа.

Ја подотвори завесата и погледна; тоа беше една мала железничка станица, со грчки букви на себе, што значи ја беа поминале границата; по што го слушна и гласот на кондуктерот кој го повторуваше зборот „пасоши“ и сфати дека се на првата станица по поминувањето на грчката страна.

Саканиот напола разбуден колку да заличи на фотографијата во пасошот, повторно заспа штом возот тргна.

Но како да се случуваше нешто чудно: Кога тргнаа од Истанбул, глетката од прозорот се движеше од десно на лево, но сега дрвјата, малите куќи, електричните столбови и ливади низ истиот прозор од лево на десно се движеа.

Зарем е можно назад да сме се вратиле, си помисли Мелтем. Назад ли се враќаа?

* * *

Кога веќе не ја фаќаше сон Неџмије стана, во гужвата побара место за да си ги потпре рацете на оградата од палубата на бродот „Исмет Паша“, на крај се втисна помеѓу некои луѓе и погледна напред кон светлата.

Беше тргнала од селото во Кукуш и со две три парчиња облека се беше симнала во Солун за со оваа крнтија од брод на која едвај се качи, да стигне до нејзината нова татковина.

За да може од внуката и внука еден ден да се крене заедно со својот сакан, за прво да види од каде и потекнува семејството, а потоа и затоа што ја сака и таму убаво се чувствува, за да може безброј пати да оди во Грција, Неџмије ќе го направи истото како и дрвото кога е истргнато од местото каде што пуштило корења, кога ќе стигне во Измит, ќе си ги пушти повторно своите засечени корења.

Сега, светлата кои ги виде во морското црнило ако не се од пристаништето во Солун, тогаш се од светлата на нејзината нова татковина кои ја поздравуваат.

* * *

Тоа што висеше од таванот не беше лустер, туку една гола сијалица, но иако недоволно го осветлуваше бифето, беше доволно светло за да му боде очи на Али.

Десетина години подоцна, ќерката на ќерка му, Севим, не ќе може а да не си го криви лицето кога ќе го спомнува, ама во матната глава на Али сега тој факт не му задаваше некаков си проблем: умот му беше во касата вино која требаше да му ја донесе Циганот на кого му ја продаде земјата која му беше дадена во текот на Трампата и во буцмастата жена која беше газдарица на маалската кафеана во Кавала во која тој често одеше.

* * *

Господин Осман, ниту еднаш не ја беше посетил меаната која се наоѓаше точно спроти зрадата во која тој беше банкар; ама кога навечер се враќаше во својот конак и пред неа поминуваше душата понекогаш тоа му го посакуваше.

На бродот „Исмет Паша” се качи со деветнаесет конзерви полни со злато, во случај да треба да ги отвори а да не му се гледа златото, конзервите ги беше наполнил и затворил со маслиново масло.

Сега пак во бавчата од својата куќа во Истанбул Аксарај, додека со мал дел од веќе намалените златници ги правеше сунет своите три внучиња меѓу кои и Мустафа, идниот татко на Онур, умот не му беше во таа меана, туку во неговото детство кога на пазарот среде Солун на тезгата за портокали се обидуваше да продава овошки.

* * *

Во Кавала, по тесните и стрмни улици во стариот дел од градот кој е познат и како турското маало, Мелтем наеднаш застана – мирисот на печените пиперки што прабаба и Неџмије ги приготвуваше во недела наутро, познат глас – играњето криенка, кога пред да почне да си ги бара другарчињата со полузатворени очи ја кажуваше броенката на турски: „еден два три, штурчето се скри”

* * *

Не многу по свадбата, Неџмије остана трудна, и уште пред да се освести, прво им се роди син а веднаш после него и едно девојче. Мехмет, шетајќи се по крајбрежјето од плацот на Фабриката за Текстил Хереке чиј чувар беше, не знаеше дека ова му е последна прошетка, дека по завршувањето на својата смена во раните утрински часови кога ќе се врати дома нема да се разбуди од сонот во кој беше заспал и дека зборот кој и го беше дал на Неџмије во Кукуш дека никогаш нема да ја остави сама ќе мора да го прекрши.

Да знаеше, можеби ќе му беше жал што нема да може уште еднаш да им се налути на своите деца што за време на ручек играат криенка.

* * *

“Вети дека ќе возиш полека,” рече намуртено Мелтем, додека се возеа низ Ксанти со нивната кола.

Овој пат од Истанбул тргнаа на пат со кола, сакаа да возат до Атина па со ферибот во Кос да преминат за потоа од таму во Бодрум да одат и низ крајбрежјето на Егејското Море да излезат од северната страна и да се вратат во Истанбул.

Онур и не брзаше толку многу, но откако се зедоа, а особено откако остана трудна, Мелтем почна да се плаши од многу нешта, така што Онур се трудеше да не и се наметнува многу, а тој и така не сакаше да ита низ патиштата кои не ги знаеше, што ако е на погрешен пат и мора наеднаш да застане и да се врати.

Како сега на пример: кога возачот во колата позади нив им се раздра на турски „Стамболчанец глуп!”, Мелтем се почувствува како да е во некој град во Анадолија и без и да сака, се насмеа.

* * *

Кога Нимет излезе пред Мустафа Кемал кој иако сé уште не беше Ататурк, се однесуваше и беше третиран како Ататурк, и почна да плаче со крокодилски солзи, на Али и раце и нозе му се пресекоа, во земја сакаше да пропадне од помислата дека Големиот Водач ќе го искара заради ќерка му.

Кога Мустафа Кемал ја праша својата сонародничка зошто плаче, Нимет му кажа дека сака да оди на училиште но дека татко и не ја пушта; и кога и донесоа еден весник таа убаво и течно го прочита, и со тоа му докажа дека одамна заслужила да оди на учулиште.

Кога Мустафа Кемал го повика обласниот раководителот за образование и му даде задолжение да ја запише Нимет во второ одделение, секој гледаше во Али, а Али пак гледаше во своите сé уште здрави зеташински чевли купени во Солун.

* * *

Ги беше фатил дожд, но тие сепак продолжија да шетаат – на дождот улиците во Солун мирисаа исто како во Еренкој во Истанбул.

Кога свртеа кај еден агол, како да се најдоа пред некоја сцена од филмовите; од отворената врата на една црква нанадвор течеше светлина и радост, во тој момент една невеста сета во бело помина покрај нив, и со придружабата заедно со брзи чекори се качи по скалите каде што ја чекаше една поголема гужва.

Во текот на целата прошетка, по дрвото полно со недопрени портокали на кое наидоа по уличките на Кавала полни со згради, Мелтем најмногу оваа случка ја израдува.

* * *

Дента по пожарот кој додека се изгасна целата куќа во прав и ја престори, Неџмије гледаше од врвот кон светлата на Фабриката за Текстил и се сети како Французите и Бугарите го запалија Солун, како со цепелин истурија бензин врз градот; додека се мислеше кога на децата ова да им го раскаже се потсети: веднаш до Судницата која буктеше од пожарот се наоѓаше конакот на еден турски банкар, како ли се спаси од пожарот што во еден ден го сотре целиот град.

* * *

Овој пат тројца беа – во купето на турско/грчкиот воз на пријателството „Филиа Експрес“ беше и син им кој штотуку беше почнал да зборува и кога ќе го прашаа како се вика одговараше „Каанико“.

И тој и Онур, додека зарипнато ‘рчеа во сон, патот до Солун и двајцата ги беше изморил.

И Мелтем беше уморна, но се бореше против својот умор; овој пат беше цврсто решена да дознае во кој сегмент и зошто возот го беше сменил правецот, дали такво чувство оддаваше или навистина го беше сменил правецот.

 

Cem Akaş © Esra Ozdogan
Џем Акаш од Турција
Џем Акаш (Cem Akas), род. 1968 г. во Манхајм/Германија, живее во Истанбул/Турција; студирa хемиско инжинерство на универзитетот Богазичи во Истанбул како и политички науки на универзитетот Колумбија во Њујорк, докторира историја на унуверзитетот Богазичи;од 1992-2004 г. Џем Акаш работи за една од најголемите издавачки куќи во Турција „Yapi Kredi Yayinlari“, а 2005 г. основа сопствена издавачка група; слободен автор (романи, раскази и есеи); голем број објавени книги, последни: Guarding the State, политички науки (Чарлстон, SC 2010 г.); 19, роман, (Истанбул 2009 г.); Gitmeyecekler icin Urbino, роман, (Истанбул 2007 г.); Одбрани раскази (Öykü Seçkisi), (Истанбул 2002 г.); Olgunluk Çağı Üçlemesi, роман, (Истанбул 2001 г.); на германски јазик е преведен расказот Каде е тепихот? во збирката Нашиот Истанбул, (Берлин 2008 г.).

 

Eine Übersetzung von Christoph K. Neumann
Кристоф К. Нојман, род. во 1962, истражувал и предавал на различни институти и универзитети во Прага, а пред сè во Истанбул. Денес е професор по туркологија на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ во Минхен. Покрај многубројните научни публикации за културната и социјалната историја на Отоманското царство, покрај другото, објавена е Кратката историја на Турција (заедно со Клаус Крајзер, Филип Реклам јун. Штутгарт, 2. изд. 2008). Освен тоа, преведува книжевност од турски (меѓу другите, Орхан Памук, Ахмед Хамди Танпинар и Шебнем Исиѓузел) на германски.