
35 информативни куќи ќе бидат поставени на различни локации во Германија. Таму можете да добиете информации за живеење и работа во Германија и да вежбате германски јазик. Можете да се запознаете со понудите на самото место и да остварите контакти со други луѓе. Информативните куќи се наоѓаат во јавни институции, на пример, владини институции, библиотеки и народни универзитети.