Logo Goethe-Institut

Северна Македонија

Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1

Сакаш ...

  • да полагаш испит по германски јазик за деца и младинци помеѓу 10 и 16 години
  • да покажеш сосема едноставни познавања од германскиот јазик
  • да го покажеш постигнатиот успех на ниво А1
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 претставува испит по германски јазик за деца и млади на возраст од 10 до 16 години. Потврдува дека поседуваш многу едноставни јазични познавања и соодветствува со првото ниво (А1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажуваш дека ...

  • можеш да поставуваш едноставни прашања и да одговараш на нив, како и да замолиш за нешто и да реагираш на молби
  • со едноставни фрази и реченици можеш да пишуваш за себе и за другите
  • можеш да разбереш разговори и текстови во кои станува збор за познати работи  

Регистрација за испит 

Регистрацијата за испитот е возможна само со важечки пасош.
Ве молиме резервирајте го испитот само преку нашата веб-продавница.

Термини за испити

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

Резултатите од испитот

Од 1 мај, ќе издаваме исклучиво дигитални сертификати за сите испити.

Ако сте го положиле испитот, вашиот сертификат ќе биде достапен за преземање. Ве молиме најавете се на следниов линк: www.meingoethe.de и изберете го соодветниот испит. Упатство за тоа можете да најдете тука:

Резултатите од испитот ќе бидат достапни во рок од 10 работни дена.
За издавање на печатен сертификат се наплаќа надомест од 2.000 денари.

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можеш да најдеш модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat A1: Fit in Deutsch 1 можеш да најдеш тука: