Сакате....
- да се пријавите за да работите како дадилка во Германија
- јазична потврда за виза за повлекување на брачниот партнер
- да го докажете постигнатиот успех на ниво А1
- официјален и меѓународно признат сертификат
Goethe-Zertifikat A1: Start Deutsch 1 iе испит по германски јазик за возрасни. Потврдува дека поседувате сосема едноставни познавања од германскиот јазик и соодветствува со првото ниво (А1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.
Со положувањето на испитот покажувате дека ...
- можете да се разберете на едноставен начин, кога соговорничката или соговорникот зборува полека и јасно.
- можете да разберете и да употребувате познати, секојдневни и често употребувани изрази и едноставни реченици (на пр. информации за личноста и семејството, за пазарење, за работа, за непосредната околина).
- можете да се претставите себеси и другите и на други луѓе да им поставувате прашања за нивната личност - на пр. каде живеат, какви луѓе познаваат или што имаат.
Регистрација за испит
Регистрацијата за испитот е возможна само со важечки пасош.
Ве молиме резервирајте го испитот само преку нашата веб-продавница.
Термини за испити
*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност
**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.
РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ
Од 1 мај, ќе издаваме исклучиво дигитални сертификати за сите испити.
Ако сте го положиле испитот, вашиот сертификат ќе биде достапен за преземање. Ве молиме најавете се на следниов линк:www.meingoethe.deи изберете го соодветниот испит. Упатство за тоа можете да најдете тука:
Резултатите од испитот ќе бидат достапни во рок од 10 работни дена.
За издавање на печатен сертификат се наплаќа надомест од 2.000 денари.
Доколку местото на испитот има ознаката "Express Ergebnis", резултатите ќе бидат објавени следниот работен ден.
Материјали за вежбање
Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.
Дополнителни информации
Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat A1: Start Deutsch 1 можете да најдеш тука: