Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Goethe-Zertifikat C2: GDS

Сакате ...

  • да студирате или истражувате во Германија
  • да предавате на некое училиште во Германија
  • да го покажете постигнатиот успех на ниво Ц1
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom (GDS) е испит по германски јазик за возрасни. Потврдува најнапредно јазично ниво и соодветствува со највисокото ниво (Ц2) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажувате дека ...


  • без напор можете да разберете практично сè што читате или слушате
  • можете да резимирате информации од различни пишани или усни извори и притоа во разбирливо излагање да пренесете образложенија или објаснувања
  • можете спонтано, многу течно и точно да се изразувате и при покомплексни теми да правите дистинкција помеѓу нијансите на значењата на зборовите.
Das Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom на студентите од странство им овозможува пристап до германски универзитети и факултети и на многу места важи како јазичен доказ за да може да се предава германски јазик.
Покраините во Сојузна Република Германија го признаваат испитот во рамките на квалификациите за наставна работа. Информации за тоа нудат местата каде што се признава испитот во секоја покраина како Министерствата за култура, училишта, образование, Службата за образование на наставници, Окружната влада или Управата на сенатот.

Од 01.01.2012 г. испитот Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom ги замени трите дотогашни испити: Goethe-Zertifikat: Zentrale Oberstufenprüfung (ZOP), Kleines Deutsches Sprachdiplom (KDS) и Großes Deutsches Sprachdiplom (GDS).

Термини за испити

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat C2: Großes Deutsches Sprachdiplom можете да најдеш тука: