Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Актуелна информација: корона

Corona - Aktuelle Informationen © Goethe-Institut/Getty Images

Со строго придржување кон пропишаните превентивни мерки, Гете-институт Скопје во следните недели постепено ќе ги отвора своите врати.
Од 01.06.2020 нема да бидеме тука за Вас само онлајн, туку повторно и во институтот. Посетата на Гете-институт Скопје сепак е можна само по личен договор за термин и првично само за подигнување на сертификати од испит.
 

ИНФОРМАЦИИ И напомена за безбедност ЗА НАШИТЕ ПОСЕТИТЕЛИ

Гете-институт Скопје ги намалува ризиците на инфекција со Ковид-19 преку бројни мерки.
Нашиот тим ги почитува указите и мерките на заштита на надлежните институции и Германската амбасада во Скопје меѓу другото со редовно миење раце, регулирање на оддалеченост, употреба на дезинфекциони средства и маски за лице при контакт со посетители.
За да ја осигураме безбедност на сите при посетата во нашите простории развивме концепт за хигиена. Ве замолуваме да се однесувате одговорно и со обѕир кон другите посетители како и кон нашите вработени и професорите. Да се грижиме едни за други! 

Што подготвивме ние
• Со сигурност потврдуваме дека нашите простории како и маси, пултот и кваките редовно се чистат и дезинфицираат. Исто така, за заштита од инфекции нашите простории редовно се проветруваат, а воздухот се филтрира. Седење и користење на тоалетите од сигурносни причини не е дозволено.
•  Пред влегување во институтот, еден од нашите вработени од сигурносни причини ќе ја измери Вашата телесна температура. Би сакале да Ви напоменеме, дека  при телесна температура над 37,3 степени нема да смеете да влезете во Гете-институт Скопје.

Што можете да сторите Вие
•  на закажаниот термин  во Гете-институт Скопје дојдете сами, бидејќи на вашата придружба од безбедносни причини не смееме да и обезбедиме пристап до нашите простории.
•  Понесете сино пенкало  и почитувајте ги указите на нашите вработени како и постерите и пиктограмите, кои ги поставивме за ваша безбедност.
• При акутни симптоми на болест, Ве замолуваме да не доаѓате во Институтот.
• На влезот водиме контроли за влез и на тој начин постојано знаеме кој кога и на кое место престојувал. На тој начин можеме во случај на сомнеж веднаш да интервенираме.
• Секој посетител мора при влезот во Гете-институт да потпише здравствена изјава, со која се изјаснува согласен со мерките за спречување на ширењето на COVID-19.
• При влез во гете-институт мора да ги дезинфицирате дланките.
• Во внатрешниот простор носиме заштита на устата и носот. Со носењето маска сите можеме да придонесеме за мешусебна заштита. 
• Треба да се оддржува растојание од присутните лица од минимум 1,5 до 2 м.

Сите неопходни информации за нашите курсеви, испити и културни понуди се достапни онлајн. Исто така може директно онлајн да се пријавите за курс или испит. Доколку сепак имате прашања, ќе Ве советуваме по телефон или по меил. Затоа во овој период личната посета на Гете-институт не е потребна исто така и за Ваша сопствена безбедност. 

важни информации

Онлајн учење, читање, информирање

Учење германски јазик онлајн

Преку курс од далечина на Гете-институт индивидуално одредете, кога и каде сакате да учите.