PASCH-иницијатива
Училишта: партнери на иднината
Учиме. Заедно. Ширум светот!
Во рамките на проектот PASCH, Гете-институтот активно се залага за будење интерес за изучување на германскиот јазик. Наставата по германски јазик треба да стане стабилен и траен дел од наставната програма во PASCH/Fit-училиштата.
За таа цел, компетентни експерти за настава од Гетеинститутот непосредно соработуваат со училишта ширум светот кои сакаат да воведат или да ја проширaт наставата по германски како странски јазик. Покрај тоа, Гетеинститутот ги опремува Fitучилиштата со современи материјали за настава на странски јазици. На наставниците по германски јазик, Гетеинститутот им нуди методичкодидактички семинари и јазични курсеви.
Мотивираните ученици имаат можност да бидат избрани за стипендија и да ја доживеат Германија за време на PASCH-курсевите за младишто се одржуваат секоја година. Гете-институтот исто така активно информира за професионалните перспективи кои се отвораат со владеење на германски јазик. Учениците кои учат германски се охрабруваат да аплицираат за студии или дуално образование во Германија.
Контактот меѓу иницијативата PASCH и нејзината мрежа од ученици се одржува и по завршувањето на училиштето. Во рамките на работата со PASCH-алумни, Гете-институтот организира средби на поранешни ученици и нуди простор за лични контакти и размена.
Бројки и факти
започна соработката со првите PASCH-училишта во рамките на проектот „Училишта: партнери на иднината
земји би требало да ги посетите за да ги видите сите 700 PASCH-училишта кои се дел од мрежата на Гете-институтот.
PASCH-ученици учат германски во училиштата кои ги поддржува Гете-институтот.
ученици ширум светот добиле стипендија за еден од PASCH-курсевите за млади од 2008 година
Контакт
Гордана Бабоска
Референт за образовна соработка и PASCH
Факс: +389 2 3121 604
gordana.baboska@goethe.de
Партнери на PASCH
PASCH е иницијатива на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија и се спроведува во соработка со Сојузната управа за образование во странство (ZfA), Гетеинститутот, Германската служба за академска размена (DAAD) и Педагошката служба за размена (PAD) при Секретаријатот на Конференцијата на министри за образование и култура на покраините на Сојузна Република Германија.