понеделник и среда: 09:00–13:00 часот
вторник и четврток: 14:00–16:00 часот
Утврдување на нивото на познавање на германскиот јазик (писмено). Обратете се на info-skopje@goethe.de за код и пристап кон тестот.
Тестот за одредување на нивото е бесплатен.
Учесниците на испит треба да се запознаат со Правилник за полагање испити. Со пријавата за испит и со плаќањето на надоместот за испит, кандидатот потврдува дека е запознат со правилникот за испити и со одредбите за спроведување на испитот во тековната верзија и го прифаќа. Правилникот за полагање на испити и одредбите за спроведување на испитот се наоѓаат кај секој детален опис на испитот.
1. Учеството на испит по германски јазик не е поврзано со задолжително претходно посетување курс по германски јазик организиран од страна на Гете-институтот.
2. За испитите на Гете-институтот не постои старосна граница.
3. Пријавувањето за испит е возможно само со валиден пасош сѐ додека се исполни максималниот број кандидати за тој термин.
4. Учество на испит се овозможува и дозволува единствено доколку надоместот за испитот е навремено и целосно уплатен, согласно роковите за плаќање определени од Гете-институт.
5. Медицински потврди за кандидатите за испит со посебни потреби мора да се предадат на Гете-институтот во Скопје најдоцна до денот на истекот на рокот за плаќање.
6. Најдоцна 3 дена пред почетокот на испитот кандидатите добиваат покана за испит, на која стои името, десеттоцифрен идентификациски број (број на кандидат), датум и време на испитот.
Доколку не се исполнети горенаведените услови, Гете-институт го задржува правото еднострано да им оневозможи на кандидатите полагање испит.
Резултатите за испитот SD1/A1 по правило се објавуваат на веб-страницата 10 работни дена по датумот на испитот.
Резултатите за испитите А2, Б1, Б2 и Ц1 по правило се објавуваат на веб-страницата 15 работни дена по датумот на испитот.
1. Општи услови за работа на Гете-институтот Скопје при одржување курсеви по германски јазик и испити
Гете-институтот Скопје нуди курсеви и испити по германски јазик за возрасни што имаат право да ги посетуваат и лица кои имаат навршено најмалку 16 години, како и за младинци од 13 до 18 години и за деца од 5 до 12 години.
2. Услови за плаќање
При уписот се уплаќа однапред вкупната сума во целост за избраниот курс или испит (Ве молиме, информирајте се за цените на курсевите на нашата веб-страница: https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur/gia.html.)
Цената на курсевите опфаќа:
Настава
Дополнителни материјали за наставата, кои не се однесуваат на основните книги
Потврда за посетување на курсот
Користење на библиотеката во рамки на Гете-институтот согласно правилата на библиотеката
Доколку не се исполнети условите за плаќање, Гете-институт го задржува правото да ги спречи кандидатите да имаат пристап до платформата и сесиите во живо.
Испитите и книгите што се користат во одредени курсеви не се вклучени во цената. Пријавување за испити се врши независно од курсевите. Книгите за курсевите самостојно се набавуваат во книжарниците.
Менување на курсот или датумот за одржување на испитот е возможно единствено со претходна согласност од и во договор со Секретаријатот за курсеви и испити при Гете-институтот Скопје, само доколку има расположливи слободни термини.
3. Цена на курсевите и испитите по германски јазик
3.1. Курсевите и испитите по германски јазик се наплаќаат по цената согласно важечкиот ценовник при уписот на курсот/испитот. Ве молиме, информирајте се за цените на курсевите и испитите на нашата веб-страна https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/kur/gia.html
3.2. Сите банкарски трошоци во врска со плаќањето на цената на курсот се на товар на учесникот/кандидатот.
4. Откажување
Доколку учесникот сака да се откаже од посета на курсот или од закажаниот термин за испит, се применуваат следниве услови:
4.1. Откажувањето од курсот/испитот мора да биде доставено во писмена форма преку и-мејл до Секретаријатот за курсеви и испити на Гете-институтот Скопје. Доколку се откажете од курсот до последниот работен ден пред почетокот на курсот , Гете-институтот ќе изврши враќање на уплатената цена за курсот намалена за 15%, колку што изнесуваат административните трошоци. Враќање на средствата ќе се изврши само со приложување на оригиналната потврда за плаќање на цената за курсот добиена при уплатата на цената.
Во случај на откажување од курсот на денот на одржувањето или по започнувањето на курсот, не е можно да се вратат уплатените средства од учесникот, освен во случај на сериозна причина, како на пр. болест. Во случај на откажување поради болест, Гете-институтот ќе изврши враќање на средствата за преостанатите часови, намален за 15 % од уплатениот износ на учесникот, односно за административни трошоци. Враќање на средствата ќе се изврши само со приложување на оригиналната потврда за плаќање на цената за курсот добиена при уплатата на цената. Стипендија или патувања во странство не можат да се наведат како причина за откажување од курс.
4.2. Во случај на откажување на курсот од страна на Гете-институт, уплатената цена за курсот ќе му биде во целост вратена на учесникот.
4.3. Кандидатот може да се откаже од испитот најдоцна 7 дена пред одржувањето на писмениот испит, врз основа на поднесено писмено барање до Гете-институт. При откажувањето испит, во периодот од откажувањето најдоцна до денот на одржувањето на испитот, единствено врз основа на поднесено писмено барање од кадидатот, Гете-институт има право да одлучи на кадидатот да му врати дел од надоместот платен од кандидатот, и тоа износ намален за 7,5 % од износот на платениот надомест, односно административните трошоци.
4.4. Кандидатот во никој случај не може да поднесе барање за откажување од испит и барање за враќање на платениот надомест на денот или по одржувањето на испитот.
4.5. Во случај на откажување на испитот од страна на Гете-институт поради недоволен број кандидати, ќе им се врати целиот надомест на кандидатите. Доколку кандидатот е согласен, Гете-институт може да го задржи платениот надомест за првиот нареден слободен термин за одржување испит за тој конкретен кандидат.
4.6. Доколку сте пријавени за испит и од некоја причина не можете да дојдете на испит, обврани сте истото да го пријавите најдоцна 7 дена пред терминот за испит, да извршите сторнирање на испитот или да се пријавите за друг термин. Доколку не постапите така, обврзани сте да ја платите целата сума за испитот. За непојавување на испит или неплатена фактура, нема да Ви биде дозволено полагање испит на Гете-институт Скопје во наредните 6 месеци. Право повторно да се пријавите за полагање на испит ќе имате откако ќе го исплатите долгот.
5. Определување ниво / број на учесници
5.1. Определување на нивото на курсот во кое учесникот ќе биде запишан се врши од страна на Гете-институтот врз основа на резултатите на учесникот добиени на тестот за определување ниво и разговор. Термините за тестирање се утврдуваат од страна на Гете-институтот.
5.2. На нашите курсеви присуствуваат најмалку 8, а најмногу 16 учесници. Ако на почетокот на курсот се пријавиле недоволен број учесници, ние го задржуваме правото да го откажеме овој курс или да го смениме терминот за неговото започнување.
6. Обврски на учесникот/учесниците на курсот/испитот
Учесникот е должен да го почитува важечкиот курсен и куќен ред. Во случај на прекршување на курсниот и куќниот ред, учесникот може да биде исклучен од учество на курсот/испитот. Во ваков случај, учесникот нема право на враќање на уплатените средства.
7. Одговорност на Гете-институт / виша сила
Одговорноста на Гете-институт и неговиот персонал е ограничена само на намерно и крајно невнимание. Гете-институтот не одговара за откажувањето на своите услуги
поради виша сила (на пример, природни катастрофи, оган, пандемија, епидемија, официјални наредби и сите други околности кои се надвор од негова контрола).
Гете-институт го задржува правото, во случај на виша сила, да изврши промена на форматот и начинот на одржување/спроведување на курсот. Ова важи особено во случаи кога мора да се изврши промена на формат со присуство во онлајн формат.
8. Заштита на податоци
Учесникот се согласува Гете-институтот да ги собира, чува и обработува (писмено или електронски) неговите лични податоци кои се внесуваат во пријавата за упис и тестирање со цел правилно спроведување на пријавите за упис и запишување на учесникот на избраниот курс/испит, спроведување на процедурите за пресметки и докажување на успехот на курсевите преку спроведување тестови/испити.
Гете-институт има право, без одобрение на учесникот/кандидатот и без да го извести, на барање на државни институции да ја потврди вистинитоста на сертификатот што учесникот го приложил во соодветната институција и да ја извести институцијата за резултатите од испитот што го полагал кандидатот.
Учесникот се согласува Гете-институт да врши пренос на неговите лични податоци во рамки на групацијата односно во Гете-институтите кои се наоѓаат во други држави.