Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Туѓинката (Die Fremde)

Die Fremde: Feo Aladag
Туѓинката: Фео Аладаг | © Goethe-Institut

Германски филм во Кинотека на Северна Македонија

Кинотека на Северна Македонија, Скопје

Режија: Фео Аладаг, во боја, 119 минути, 2010

Мислиме дека приказната ни е позната од вестите, но на режисерката, продуцентка и сценаристка Фео Аладаг во нејзиното кино- првенче, кое го одзема здивот- „Туѓинката“ и успева да прикаже повеќеслоен и потресен семеен портрет, далеку од клишеата.  

Умаи живее заедно со својот сопруг Кемал и синот Џем во едно предградие на турската метропола Истанбул. Кемал редовно има изливи на бес кон својата сопруга и синот. Кај Умаи избива нескротлив копнеж за нејзиниот дом Берлин и нејзините родители: очајна, Умаи ги пакува своите работи и бега од својот живот во Истанбул и од бракот со сопругот.
 
„Престани да сонуваш!“, и префрла еднаш мајка и, сестрите се плашат дека и нив ќе ги одбегнуваат поради „гревот“ на сестра им, а таткото Кадер си посакува, неговата драга ќерка „да беше родена како момче“.  
 
На самиот почеток на филмот се добива претпоставка за ужасниот крај. Кога ќе се погледнат првите две минути од филмот човек мисли дека ја знае појдовната ситуација. Меѓутоа потоа има еден дел, приказната се враќа назад и го развива дејството се до оној момент кој на самиот почеток ни ја всади таа застрашувачка претпоставка. И тогаш, во тој момент кога се создава таа претпоставка, се гледаме себеси соочени со излезот од драмата, кој е уште потрагичен отколку што се плашевме.

Детали

Кинотека на Северна Македонија, Скопје


ул.Никола Русински, бр. 1
1000 Скопје

Јазик: германски, македонски и албански
Цена: влез слободен

+ 389 2 30 71 814