Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Климатски промени
ДА ГО КОМПЕНЗИРАМЕ ЈАГЛЕРОД ДИОКСИДОТ И СЀ ЌЕ БИДЕ ДОБРО?

Понудувачите за компензација на јаглерод диоксид ветуваат дека ќе ги неутрализираат емисиите предизвикани од поединци - на пр., од авионски патувања - со донации во климатски проекти. Но со тоа нема ли да ја смириме само нашата лоша совест?

Исто така благодарение на учениците кои секој петок излегуваат на улиците под мотото Петок за иднината, многумина се прашуваат каков придонес можат тие лично да дадат во заштитата на климата. Бидејќи демонстрантите не само што ги повикуваат владите да дејствуваат - што се однесува до еколошките активисти, секоја индивидуа треба да го смени однесувањето. Нашиот сегашен начин на живот, вклучително и трендот за авионски патувања, ја оптоварува животната средина. Значи ли тоа, дека треба комплетно да се откажеме од авионски патувања?

Некои компании нудат алтернатива: компензација на јаглерод диоксидот. Еколошки свесните луѓе кои сакаат од време на време да се качат во авион може барем да го компензираат тоа. Принципот е едноставен: ги пресметувате емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од авионското патување и донирате соодветна сума за проекти за заштита на климата, кои заштедуваат јаглерод диоксид. Донацијата потоа ќе се искористи за засадување дрвја и за изградба на ветерници. На тој начин ќе се надомести штетата врз животната средина предизвикана од патувањето.

КОМПЕНЗАЦИЈА НА ЈАГЛЕРОД ДИОКСИДОТ од ПАТУВАЊАТА

Мерено според количината на пари собрани годишно, невладината организација (НВО) “атмосфер” е најголемиот германски понудувач на компензација на јаглерод диоксид. Поединци и компании можат да ја користат веб-страницата за да пресметаат колку јаглерод диоксид ќе испушти нивниот претстоен лет или крстарење, а потоа да донираат соодветна сума. На пример, според “атмосфер“, летот од Берлин до Њујорк предизвикува повеќе од 1,2 тони емисии на јаглерод диоксид по економски патник, поради што невладината организација предлага компензација во висина од 30 евра. Ова може да се реализира на веб-страницата и по желба да се посвети на одреден проект.

Речиси шест милиони евра се слеаја во хидроенергетски проекти во Хондурас во 2017 година, во ефикасни печки во Индија и соларни постројки за третман на вода за пиење во Египет.

Според информациите од “атмосфер“, во моментов се надоместуваат помалку од еден процент од сите летови низ Германија. Но, надоместокот на јаглерод диоксид станува тренд и сѐ повеќе компании се пронаоѓаат во оваа тема: Бројот на летови компензирани од “атмосфер“ во периодот од 2017 до 2018 година се зголеми за 50 проценти, а и другите понудувачи известуваат за зголемена побарувачка.

  • <b>Засадување дрвја како подарок</b><br>На веб-страницата PrimaKlima e.V. (ПримаКлима е.В.), корисниците можат да го пресметаат својот еколошки отпечаток и да донираат препорачана сума за проекти за заштита на климата. Покрај тоа, ПримаКлима нуди можност и на други луѓе да им подарите дрвја. Ново дрво може да се засади во Саксонија за само пет евра, а во Никарагва за три евра. Примачот на дрвото добива сертификат за локацијата и бројот на дрвјата што растат во негово име и го претвораат CO2 во кислород. Фото: Screenshot primaklima.org

    Засадување дрвја како подарок
    На веб-страницата PrimaKlima e.V. (ПримаКлима е.В.), корисниците можат да го пресметаат својот еколошки отпечаток и да донираат препорачана сума за проекти за заштита на климата. Покрај тоа, ПримаКлима нуди можност и на други луѓе да им подарите дрвја. Ново дрво може да се засади во Саксонија за само пет евра, а во Никарагва за три евра. Примачот на дрвото добива сертификат за локацијата и бројот на дрвјата што растат во негово име и го претвораат CO2 во кислород.

  • <b>TПребарувач кој засадува дрвја </b><br>Екосиа (Ecosia) е машина која го регистрира присуството и количината на CO₂. Компанијата, основана во Берлин, ги користи профитите генерирани од рекламирање и партнерски програми за засадување на дрвја. Според податоците на Екосиа ДОО (Ecosia-GmbH) во просек за секое 45.барање за пребарување се засадува по едно ново дрво. На тој начин, од 2009 година наваму се засадени речиси 60 милиони дрвја, воглавно во Јужна и Средна Америка, Африка и Југоисточна Азија. Екосиа (Ecosia) е сега исто така достапна како Add-on за Firefox и Chrome. • Фото: Screenshot ecosia.org

    Пребарувач кој засадува дрвја
    Екосиа (Ecosia) е машина која го регистрира присуството и количината на CO₂. Компанијата, основана во Берлин, ги користи профитите генерирани од рекламирање и партнерски програми за засадување на дрвја. Според податоците на Екосиа ДОО (Ecosia-GmbH) во просек за секое 45.барање за пребарување се засадува по едно ново дрво. На тој начин, од 2009 година наваму се засадени речиси 60 милиони дрвја, воглавно во Јужна и Средна Америка, Африка и Југоисточна Азија. Екосиа (Ecosia) е сега исто така достапна како Add-on за Firefox и Chrome.

  • <b>Да летаме со чиста совест</b><br>TНевладината организација ”атмосфер” си поставила за цел, да го компензира еколошкото оптоварување предизвикано од патувањата. Поединци и компании можат да ја користат веб-страницата за да пресметаат загадување на CO2 предизвикано од нивното патување. Потоа, препорачаната сума може да се донира на проекти за заштита на климата. Според компанијата, скоро 7 милиони евра се слеале во заштитата на климата во 2017 година. Photo: Screenshot atmosfair.de

    Да летаме со чиста совест
    Невладината организација ”атмосфер” си поставила за цел, да го компензира еколошкото оптоварување предизвикано од патувањата. Поединци и компании можат да ја користат веб-страницата за да пресметаат загадување на CO2 предизвикано од нивното патување. Потоа, препорачаната сума може да се донира на проекти за заштита на климата. Според компанијата, скоро 7 милиони евра се слеале во заштитата на климата во 2017 година.

  • <b>Компензација на CO2 и во копнениот сообраќај</b><br>Се разбира, не ја загадуваат само авионите животната средина, и другите возила го прават истото. Стартапот ReGreen од Виена нуди компензација на CO₂ за возачите на автомобили и мотоциклистите. На веб-страницата, емисијата на штетни гасови може да се пресмета врз основа на видот на возилото и бројот на километри возени годишно. Според ReGreen, енергетски ефикасен бензински мотор што извозува 10.000 km годишно произведува 1,95 тони емисии на Co₂. Кај моќниот дизел-мотор тоа се 3,10 тони. Според сопствените податоци компанијата досега компензирала повеќе од 18 милиони извозени километри. Photo: Screenshot regreen.at

    Компензација на CO2 и во копнениот сообраќај
    Се разбира, не ја загадуваат само авионите животната средина, и другите возила го прават истото. Стартапот ReGreen од Виена нуди компензација на CO₂ за возачите на автомобили и мотоциклистите. На веб-страницата, емисијата на штетни гасови може да се пресмета врз основа на видот на возилото и бројот на километри возени годишно. Според ReGreen, енергетски ефикасен бензински мотор што извозува 10.000 km годишно произведува 1,95 тони емисии на Co₂. Кај моќниот дизел-мотор тоа се 3,10 тони. Според сопствените податоци компанијата досега компензирала повеќе од 18 милиони извозени километри.

  • <b>Го знаете ли Вашиот еколошки отпечаток?</b><br>Со калкулаторот CO₂ развиен од Сојузната агенција за животна средина и иницијативата КлимаАктив, секој може да го пресмета сопствениот личен биланс на CO₂. Врз основа на тоа започнато е CO₂-сценарио. Притоа, може да се земат предвид добрите планови за иднината, како на пр. намалување на темературата во просторот за живеење за еден степен или префрлање на еколошко возило. Конечно, калкулаторот ги визуелизира ефектите од личниот план за климата за следните 30 години. Колку отстапува вашиот животен стил од целта за заштита на климата за намалување на стакленичките гасови во Германија за 95 проценти до 2050 година? Фото: Screenshot uba.CO2-rechner.de

    Го знаете ли Вашиот еколошки отпечаток?
    Со калкулаторот CO₂ развиен од Сојузната агенција за животна средина и иницијативата КлимаАктив, секој може да го пресмета сопствениот личен биланс на CO₂. Врз основа на тоа започнато е CO₂-сценарио. Притоа, може да се земат предвид добрите планови за иднината, како на пр. намалување на темературата во просторот за живеење за еден степен или префрлање на еколошко возило. Конечно, калкулаторот ги визуелизира ефектите од личниот план за климата за следните 30 години. Колку отстапува вашиот животен стил од целта за заштита на климата за намалување на стакленичките гасови во Германија за 95 проценти до 2050 година?

  • <b>Компензацијата на CO₂-како христијанска мисија</b><br>Klima-Kollekte е фонд за компензација на CO₂ на христијанските цркви. Од 2011 тој им нуди на компаниите и поединците можност да донираат за компензирање на задолжените емисии на CO₂-во проекти за заштита на климата во земјите во развој. За пет години од основањето на фондот биле компензирани речиси 56750 тони CO₂. Понудата е отворена и за луѓе кои не припаѓаат на ниту една христијанска црква. • Фото: Screenshot klima-kollekte.de

    Компензацијата на CO₂-како христијанска мисија
    Klima-Kollekte е фонд за компензација на CO₂ на христијанските цркви. Од 2011 тој им нуди на компаниите и поединците можност да донираат за компензирање на задолжените емисии на CO₂-во проекти за заштита на климата во земјите во развој. За пет години од основањето на фондот биле компензирани речиси 56750 тони CO₂. Понудата е отворена и за луѓе кои не припаѓаат на ниту една христијанска црква.

ПОШУМУВАЊЕ ЗА БАРАЊАТА ЗА ОНЛАЈН-ПРЕБАРУВАЊЕ

Исто така, постојат даватели на услуги (понудувачи) кои ветуваат компензација во областа на дигитализацијата – особено за пребарувањата на интернет. Бидејќи не трошат енергија само електронските крајни уреди како паметни телефони, лаптопи и мобилни телефони, туку и серверите, мрежите и рутерите во позадина – и со тоа ја оптоваруваат климата. Од 2015 година ликовната уметница Јоана Мол со проектот CO2GLE визуелизира емисии на јаглерод диоксид при пребарувања на Google. Според нејзините пресметки, со секое барање за пребарување се ослободуваат во атмосферата околу 10 грама јаглерод диоксид. 

Компанијата Ecosia од Берлин разви пребарувач со еколошки стандарди. Таа го користи профитот од тоа за да засади дрвја каде што, според основачите, тие се најитно потребни - тоа е, особено во близина на екваторот, домот на најголемите дождовни шуми. За десет години на овој начин се засадени речиси 60 милиони дрвја. Според податоците на компанијата, со секое ново 45-то барање за пребарување се засадува ново дрво.

Се разбира, ново засаденото дрво не врзува веднаш огромни количини јаглерод диоксид, но како што тоа расте, количината се зголемува. Измерено на 80 години, едно дрво врзува околу 12,5 килограми јаглерод диоксид. Наспроти тоа, според пресметката на Мол, 45 барања за пребарување предизвикуваат помалку од половина килограм јаглерод диоксид, што ја прави Ecosia не само неутрална на  јаглерод диоксид, туку и проект позитивен на јаглерод диоксид. 

КОМПЕНЗАЦИЈАТА ЈА ПОДИГА СВЕСТА 

Со удел на пазарот изразен во промили (весникот Ноје Цирхер Цајтунг наведува 0,22 проценти), Ecosia е далеку од тоа, да го замени Google како лидер на пазарот. Гледано во пошироки рамки компензацијата на јаглерод диоксид од летовите се уште не е масовен феномен. Како и да е, критичарите тврдат дека човештвото треба повеќе да се фокусира на намалување на емисиите на јаглерод диоксид отколку на нивно неутрализирање.
Со ова начелно се согласуваат и самите понудувачи на компензација: „Компензацијата е секогаш третата најдобра опција после одбегнувањето и редуцирањето“, изјави за Дојче Веле Дитрих Брокхаген, директор на “атмосфер”. Но, барем проектите за компензација и пошумување создаваат кај поединецот поголема свесност за личниот еколошки отпечаток. А, ефектот не може да се отфрли во целост: доколку луѓето би пребарувале со Ecosia исто толку колку со Google, а притоа и понатаму соодветно би пошумувале, тогаш на тој начин новонасадените дрвја би врзале 15 проценти од стакленичките гасови ослободени од човечкиот фактор – барем така пресметува самата компанија.