Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Хартиен театар

Хартиен театар

Детски самит
Што мислат, чувствуваат и бараат децата и младите во Европа и во светот? Во проектот Конференција на децата Хартиениот театар од Нирнберг ги бара одговорите со помош на „книга со прашања“.



Детската конференција е разигран и друштвено-политички проект на хартиениот театар од Нирнберг за деца и младинци во целиот свет. Во моментов тие се на турнеја во Источна Европа.

Децата и младите во Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Хрватска, Грција и Босна и Херцеговина ги испитуваат своите стравови и желби во врска со животот во иднина и потребите на општеството. Што мислат децата за еколошките, политичките и општествените прашања на своето време? Кои се нивните идеи? Што може да научат возрасните од тоа?

Книга со прашања

Појдовната точка на детската конференција е „книгата со прашања“ создадена специјално за таа цел. Секое дете може само да ја дизајнира и со тоа да го објавува своето мислење. Хартиениот театар ќе ги собере сите доставени книги до 2018 година и ќе ги стави во центарот на вниманието на јавноста на Детскиот самит на 21 септември 2018 во Нирнберг.

Конференциски театар

Учениците од трите партнерски училишта во Македонија веќе ги создадоа своите книги со прашања во Скопје на 10.10.2017 и со своите прашања ги соочија возрасните на улица.
Детски самит © Фотографија: Јоханес Фолкман Детски самит Фотографија: Јоханес Фолкман

Во продолжение на Конференцијата на децата ќе се одржи таканаречениот „Театар за конференција“. Во текот на три дена хартиениот театар со група од 10-30 деца и млади ќе создаде сценска игра во која ќе бидат вметнати содржини од книгите со прашања. Со помош на музика, танц и хартиен театар, децата и младинците ќе ги одигруваат своите теми на сцена.

ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦИТЕ

Завршната манифестација во регионот Југоисточна Европа се одржа од 17 до 20 ноември 2017 во Атина, Грција. Секоја земја испрати двајца претставници кои активно учествувале на работилницата. Тие во Атина учествуваа на заедничка театарска изведба на сите земји.

Детски самит

Од 21 до 29 септември 2018 на Улицата на човековите права во Нирнберг ќе се одржи Детскиот самит. На него ќе бидат поканети што е можно повеќе од децата што учествувале на „конференциските театри“, а срдечно се добредојдени и сите други деца и младинци. Во Германскиот национален музеј ќе се одржи главниот настан, а останатата програма ќе се одржи во зградата на уметноста во Нирнберг.

Таму ќе бидат изложени сите доставени „книги со прашања“, кои ќе поттикнуваат на дискусија. На крајот на детскиот самит секое дете ќе ја добие назад својата книга.

За време на Детскиот самит ќе се зборува и за тоа дека децата и младите ќе напишат и издадат „книга со прашања за возрасни“. Оваа книга потоа ќе биде испратена на 100 лица по избор од децата-учесници на Самитот. На одреден датум тие ќе бидат замолени на децата да им одговорат на сите прашања. На изложбата ќе бидат изложени 100 чорапи, а доколку една книга не биде вратена, чорапот ќе остане празен.

По изложбата на „книги со прашања за возрасните“ ќе заврши и Детската конференција.