Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Комбинирано учење (Blended Learning)

Учење германски заедно со други – еднаш неделно групна настава, дополнета со индивидуално учење

Изберете курс
Илустрација: училница, млад човек седи на маса, на масата стојат лаптоп и шолја.
  • 50% во училница на институт
  • 50% самостојно учење на платформа за учење
  • Размена на искуства со наставникот и групата

Ефективен како курсот со присуство

Комбинираниот курс (Blended learning) е идеална понуда, доколку сакате да учите брзо германски.

За таа цел нашите комбинирани курсеви го комбинираат „најдоброто од двата света“: виртуелните сесии со присуство и флексибилното учење германски јазик онлајн заемно се надополнуваат. На тој начин во најкраток можен рок ќе постигнете што е можно поголем напредок во учењето. Ние нудиме комбинирани курсеви уште од нивото А1

Нашата понуда за курсеви

Стандард за комбинирано учење

  • Комбинација од онлајн состаноци и наставни единици на платформата за учење
  • 2 фиксни термини неделно
  • 50 % самостојно учење

Комбинирано учење - интензивно

  • 5 пати неделно во Гете-институт
  • 50% во училница
  • 50% на платформа за учење

Ефективен како курсот со присуство

Комбинираниот курс (Blended learning) е идеална понуда, доколку сакате да учите брзо германски.

За таа цел нашите комбинирани курсеви го комбинираат „најдоброто од двата света“: виртуелните сесии со присуство и флексибилното учење германски јазик онлајн заемно се надополнуваат. На тој начин во најкраток можен рок ќе постигнете што е можно поголем напредок во учењето. Ние нудиме комбинирани курсеви уште од нивото А1

  • Ниво
    А1.1-Ц1.3

  • Почеток
    Крај на јануари / крај на март / крај на мај / почеток на септември /почеток на ноември

  • Траење
    7-8 недели

  • наставни часови неделно
    4 од по 45 минути виртуелно со наставник и други учесници на курсот, 4 од по 45 минути самостојно учење на платформата за учење

  • Учесници
    Максумум 16

  • пристап до платформата за учење
    За времетраење на курсот и три недели по завршување на курсот

  • Цена
    12.500 МКД (А1.1-Б1.3); 13.500 МКД (Б2.1-Ц1.3)


Група и ученици на лаптоп

Тоа функционира вака:

Виртуелна настава со присуство

  • во текот на курсот доаѓате двапати неделно во неделата на виртуелни сесии во живо (понеделник и среда или втроник и четврток)
  • Ќе дискутирате за содржините на курсот и граматиката и ќе зборувате многу на германски со другите учесници и учеснички на курсот.
  • Ќе учите во група со помеѓу 6 и 16 учесници и заеднички ќе се подготвувате за наредната онлајн-фаза.

Онлајн-наставни единици
  • Помеѓу виртуелните сесии со присуство ќе учите со онлајн-наставните единици на интерактивната платформа за учење на Гете-институтот. Времето и местото на учење го одредувате индивидуално и флексибилно.
  • Со помош на професионални, мултимедијални материјали за вежбање и модерна методика на учење го тренирате читањето, пишувањето и слушањето на германски јазик. Вежбите
  • можете да ги повторувате колку сакате.
  • Ќе учите со индивидуални и групни задачи. Со другите учесници и учеснички на курсот ќе разменувате искуства лично и интерактивно преку чат и форуми.
  • Од Вашиот наставник / наставничка по германски јазик ќе добивате задачи и редовен фидбек за Вашиот напредок во учењето.
  • Индивидуално ќе се подготвите за следната виртуелна средба со присуство.


Goethe-Institut Skopje

Предуслови

  • Да работите со задоволство на компјутер и да имате пристап до интернет.
  • Да имате најмалку два часа неделно време за учење онлајн.
  • Да учите со задоволство самсотојно и одговорно да ги обработувате задачите.

Имате ли уште прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме: