Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Дополнителни информации

Вие стапувате на сцена: Модулите

Испитот Goethe-Zertifikat B1 се состои од модулите: Читање, Слушање, Пишување и Зборување (устен испит во пар). Испитот се спроведува и оценува подеднакво насекаде во светот.

Четирите модули може да се полагаат одделно или комбинирано. Поединечните сертификати за четирите модули соодветствуваат со еден збирен сертификат.

Овој испит е развиен во заедничка работа со Гете-институтот, универзитетот Фрајбург/Швајцарија и Австриската Јазична Диплома (ÖSD) и се нуди ширум светот под името Goethe-Zertifikat B1 т.е. ÖSD-Zertifikat B1.
 

Читање

Читате блогови, имејлови, статии од весник, огласи и писмени инструкции. Можете да разберете главни информации, важни детали како и ставови и мислења.

Времетраење: 65 минути

Пишување

Пишувате приватни и формални имејлови/писма и писмено го искажувате Вашето мислење преку прилог во форум.

Времетраење: 60 минути

Слушање

Слушате објави на разглас, кратки говори, неформални разговори како и дискусии на радио. Можете да ги разберете главните искази и важните детали.

Времетраење: 40 минути

Зборување

Со Вашиот партнер или партнерка зборувате за некоја тема од секојдневието, на пр. патувања. Притоа реагирате на прашања, го кажувате Вашето мислење и давате предлози. Држите слободна презентација на некој тема од секојдневието и одговарате на прашањата поврзани со неа.

Времетраење: околу 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat B1 претставува испит по германски јазик за младинци и возрасни.
 
Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат независно од достигнувањето на најмала возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat B1 се препорачува возраст над 12 години.
  • За Goethe-Zertifikat B1 за возрасни се препорачува возраст над 16 години.
  • Goethe-Zertifikat B1 предвидува јазични познавања на третото ниво од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • За да се постигне ова ниво, потребни се од 350 до 650 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и од условите за учење.