Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Дополнителни информации

Модулите- дел по дел

Goethe-Zertifikat B2 се состои од модулите: читање, слушање, пишување и зборување (устен испит во парови).
Испитот, во избраните центри за полагање е достапен во дигитална и во хартиена форма. Испитот насекаде се спроведува според истите стандарди и според нив се прегледува.
 

Читање

Можете да читате разновидни текстови, како текстови од форуми, статии од весници и списанија, коментари и написи. Можете да разберете главни информации, важни детали, како и мислења и правила.

Времетраење: 65 минути

Пишување

Можете писмено да го искажете и поддржите Вашето мислење во статија за одредена актуелна општествена тема. Освен тоа пишувате и формални пораки со стручна содржина.

Времетраење: 75 минути

Слушање

Можете да слушате интерјвјуа, презентации, разговори и изнесување на ставови од секојдневниот живот и на радио. Можете да разберет важни искази и детали.

Времетраење: 40 минути

Зборување

Можете да одржите краток говор за претходно дадена тема и да зборувате со Вашиот/а соговорничка/ соговорник на темата. Притоа можете да разменувате аргументи за време на дискусија.

Времетраење: 15 минути

Предуслови

Goethe-Zertifikat B2 е испит за познавање на германски јазик за младинци и возрасни.

Испитите на Гете-институтот стојат на располагање на секој заинтересиран и можат независно од достигнување најмала возраст и независно од поседување германско државјанство.
  • За Goethe-Zertifikat B2 за младинци се препорачува возраст над 15 години
  • За Goethe-Zertifikat B2 за возрасни се препорачува возраст над 16 години
  • Полагањето на Goethe-Zertifikat B2 предвидува јазични познавања на ниво Б2 на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
  • За да се достигне ова потребни се од 600 до 800 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).