Читате текстови од стручна литература, коментари, репортажи и огласи и за секој текст решавате различни задачи. Текстовите можете да ги разберете без проблем, дури и ако тие се апстрактни или содржински и јазично комплексни и истовремено содржат имплицитно значење.
Времетраење: 80 минути
Преформулирате краток реферат во делови и пишувате текст на некоја општа или литературна тема, кој е добро структуиран и стилски соодветен во форма на писмо од читател или рецензија на книга. На избор Ви стојат две општи теми и по една тема за двете книги од листата на литературни дела. Обработувате една од четирите можни теми.
Времетраење: 80 минути
Слушате извештаи и репортажи од медиуми, неформални разговори како и интервјуа со експерти со нормално темпо на зборување и решавате различни задачи во врска со нив.
Времетраење: околу 35 минути
Држите говор на некоја покомплексна тема, на пр. глобализација, при што на поставено прашање детално ја објаснувате Вашата аргументација. Дискутирате во разговор за и против на уште една друга тема, при што го застапувате Вашето мислење, реагирате на против аргументи и се обидувате да ги убедите Вашиот партнер или партнерка.
Времетраење: околу 15 минути