Воопшто не е тешко: деловите од испитот
Goethe-Zertifikat A2 се состои од деловите читање, слушање, пишување и зборување
Испитот подеднакво се спроведува и оценува насекаде во светот.
ЧИТАЊЕ
Читате текстови од типот на кратки статии од весник, Имејлови, огласи или јавни информативни табли и одговараш на задачи поврзани со нив.
Траење: 30 минути
ПИШУВАЊЕ
Пишувате текстови кои се однесуваат на непопсредната средина во која живеете.
Траење: 30 минути
СЛУШАЊЕ
Слушате секојдневни разговори, соопштенија и интервјуа на радио, пораки на телефон и јавни објави на разглас и решавате задачи поврзани со нив.
Траење: 30 минути
ЗБОРУВАЊЕ
Поставувате прашања и одговарате на прашања за Вашата личност, раскажувате нешто за својот живот и договарате или планирате нешто со Вашиот соговорник или соговорничка.
Траење: 15 минути
Предуслови
Das
Goethe-Zertifikat A2 претставува испит по германски јазик за возрасни.
Испитите на Гете-институт им стојат на располагање на сите заинтересирани и може да се полагаат без ограничување во однос на најраната возраст и независно од поседувањето на германско државјанство.
- За Goethe-Zertifikat A2 се препорачува возраст над 16 години.
- Goethe-Zertifikat A2 предвидува јазични познавања на второто ниво од скалата на компетенции (А2) на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ).
- За да се постигне ова ниво, потребни се од 200 до 350 наставни часа од 45 минути (во зависност од предзнаењата и условите за учење).