Claim Goethe Institut Claim Goethe Institut

Северна Македонија

Нашиот концепт на учење
насочен кон целта, со јасна структура, разновиден

Нашиот концепт на учење © Слика: Goethe-Institut/Sonja Tobias Нашиот концепт на учење Слика: Goethe-Institut/Sonja Tobias
Наставата на Гете-институт не значи само изучување на јазикот, туку и запознавање со културата. Преку разговор и тест за одредување на нивото, ќе откриеме со какви предзнаења располагате. Заедно ќе избереме соодветен курс за Вас. Дознајте повеќе за наставата по германски јазик во Гете-институт.

Нашата настава

  • ги зема предвид најновите сознанија од истражувањата за учење и предавање.
  • е разновидна и комуникативна. Се вежба зборување, слушање, читање и пишување во автентични ситуации и со автентични текстови.
  • е актуелна и интеркултурно ориентирана. Темите од културата, (интернет-) проектите и задачите за истражување овозможуваат да се занимавате со германскојазичната култура.
  • уште од првиот час наставниот јазик е германски.
  • нашата платформа за учење содржи иновативни и флексибилни понуди за учење.

Нашиот систем на курсеви

  • се базира на шесте нивоа од Заедничката европска референтна рамка за јазици. Со тоа јазичните познавања што ги стекнувате на нашите курсеви се објективно мерливи и меѓународно споредливи.
  • е светски стандардизиран и транспарентен. По завршувањето на еден курс, слободно може да продолжите со учење - во местото на живеење, во Германија или онлајн.

Нашите наставнички и наставници

  • се специјално обучени за наставата по германски јазик како странски јазик. Во основата лежи програмата за едукација и доедукација DLL – Deutsch Lehren Lernen, која беше развиена од страна на стручњаци од Гете-институт заедно со претставници од науката.
  • германскиот јазик го зборуваат како мајчин јазик или располагаат со одлични познавања на германскиот јазик.
  • имаат искуство во соработка со луѓе од различни земји и културни кругови.
  • редовно посетуваат обуки организирани од наша страна и со тоа секогаш се запознаени со најновата состојба на пренесувањето на германскиот како странски јазик.  
  • редовно Ве информираат за Вашиот успех во учењето и Ве советуваат како најдобро да продолжите да учите.

Нашите испити по германски јазик

  • Нашите испити се меѓународно признати и се сметаат како доказ за квалификуваност од страна на многу работодавачи и образовни институции.
  • Сите испити за возрасни слушатели на Гете-институт се тестирани од страна на Association of Language Testers in Europe (ALTE) и се одликувани со печатот за квалитет Qualitätssiegel Q-Mark.

Нашите предности

  • Почувствувајте ја севкупната разновидност на Германија! Со курс по германски јазик во Гете-институт имате пристап до нашите библиотеки и медијатеки и може да учествувате на бројни културни настани.
  • Користете ја нашата бесплатна понуда за комуникација и вежби Deutsch für dich. Во заедницата за изучувачи на германскиот јазик имате пристап до обемни, интерактивни материјали за учење и вежбање и може да разменувате искуства со други членови.
Задоволни клиенти е една од најважните цели на нашата работа. Поради таа причина низ целиот свет спроведуваме стандардизирана постапка за менаџмент на квалитет. Таа ни дава сигурност дека јазичните курсеви и испити низ целиот свет се спроведуваат според единствени стандарди.