Експерти со искуство во изведувањето на настава и испити ги формулираат испитните задачи. Конечната изведба се одвива во централата во Минхен. Пред да се стават во употреба, испитните материјали се тестираат во испитни услови, а резултатите се анализираат квалитативно и квантитативно. Испитувачите се (до)обучуваат на семинари во и вон централата.
По што можете да го препознаете добриот квалитет:
Праведност
Испитите би требало, колку што е можно, да бидат фер за секого – без оглед на родот, етничката припадност или посебни потреби.
Валидност
На еден јазичен испит би требало да бидат одлучувачки само јазичните способности, а не способноста за концентрација, интелегенцијата и општите познавања.
Релијабилност
Преку вклучувањето на двајца испитувачи во оценувањето на испитот постигнуваме висок степен на релијабилност.
Практичност
Постојано работиме на оптимирање на нашите испити: на времетраењето на тестирањето, на примената на современата технологија како и на општите услови.
Еднакви критериуми за квалитет:
Како членови-основачи на Association of Language Testers in Europe (
ALTE) ние се залагаме за развој и примена на стандардите за квалитет.
ALTE ги постави следниве цели:
- Изденачување на нивоата со цел да се олесни меѓународното признавање на јазичните сертификати во Европа.
- Изедначување на критериумите за квалитет за сите фази на продукцијата и одвивањето на испитите, т.е. кострукцијата на тестот, изведувањето на испитот, оценувањето и чувањето на податоците.
- Соработка на заеднички проекти како и размена на искуства и стручно знаење.
Во 2003 ALTE влезе во Европскиот Совет како невладина организација и работи континуирано како советодавно тело за теми како мерење на достигнувањата и сертифицирање. Во 2006 ALTE доби и статус како советодавна институција во Обединетите Нации.