Eine Demonstration mit vielen Menschen ist zu sehen. Im Vordergrund sieht man eine Regenbogenfahne. © Goethe-Institut

Германскиот Устав се вика „Grundgesetz“. Во Уставот стојат најважните правни и политички правила на Сојузна Република Германија. Во Уставот стои, на пример, дека Германија е демократска држава. Тоа значи: секој смее да учествува во политичкиот живот, на пример, во здруженија, иницијативи, синдикати или партии. Политичките партии имаат различни програми и цели.

Политичките партии имаат различни програми и цели. Најголеми партии се СПД (Социјалдемократска партија на Германија), ЦДУ (Христијанско-демократска унија), Сојуз 90 / Зелените, ФДП (Слободна демократска партија), АфД (Алтернатива за Германија) и Партија на левицата. Има и многу други помали партии.

Eine Demonstrationen zum Klima ist zu sehen. Viele Plakate werden in die Luft gehalten. © Goethe-Institut

Во Уставот стојат и правата и обврските на луѓето во Германија. Важни обврски се: задолжителното школување – децата и младите во Германија мора да одат на училиште. Потоа: даночната обврска – кој заработува пари, мора да плаќа даноци. И обврската за почитување на законите: секој мора да ги почитува законите. 

А ова се најважните права: 

Човечкото достоинство: Мора да се почитува за секој човек. 

Рамноправноста: Сите луѓе ги имаат истите права. На пример, жените и мажите ги имаат истите права.  

Еднаквост пред законот: Сите луѓе се исти пред законот. 

Слобода на изразување на мислата: Луѓето смеат да кажат што мислат. Слобода на собирање и здружување: луѓето смеат да се среќаваат во групи. 

Слобода на движење: Луѓето смеат да живеат каде што сакаат. 

Слободен избор на занимање: Луѓето смеат слободно да го изберат своето занимање. 

Други права се заштита на бракот и семејството, правото на гласање и слобода на вероисповеста.

Правото на гласање вели: Луѓето во Германија смеат да гласаат. И смеат да бидат избрани. Изборите мора да бидат тајни, општи и слободни. Има европски избори, избори за Бундестагот, избори за Ландтагот и комунални избори. Кај европските и комуналните избори смеат да гласаат сите државјани на ЕУ кои живеат во Германија. Обично тоа е од 18 години. Во некои сојузни покраини може да се гласа на комуналните избори од 16-годишна возраст. На изборите за Ландтагот и изборите за Бундестагот смеат да гласаат само германски државјани кои имаат најмалку 18 години. На многу места има совети за интеграција (Integrationsräte или Integrationsbeiräte). Тие обично се избираат од страна на мигрантите. Советите за интеграција работат за политичките интереси на мигрантите. Тие исто така и помагаат ако имате прашања и проблеми. Со оваа работа сакаат да го подобрат соживотот на мигрантите и Германците.

Das Innere einer christlichen Kirche ist zu sehen. © Goethe-Institut

Слобода на вероисповеста вели: Секој смее слободно да ја одбере својата вероисповест и да ја практикува. Околу една третина од луѓето во Германија официјално нема вероисповест. Најголемиот број од Германците се припадници на христијанската вера, односно римско-католичката или евангелистичката. Многу христијански празници како Божиќ или Велигден се законски празници. Тоа значи дека најголем број од луѓето не мора да работат на овие празници. Но, во Германија живеат и многу муслимани и припадници на другите вери.

Во училиштата има настава по евангелистичка и католичка веронаука. Во некои училишта има и настава по христијанско-православна, еврејска или муслиманска вероисповест. Родителите може да одлучат дали нивното дете треба да оди на настава по веронаука. Тие исто така одлучуваат за тоа која веронаука детето ќе ја има на наставата.

Во Германија, сексуалната ориентација може да се открие отворено. Ова значи дека истополовата љубов, би-, транс- и интерсексуалност се дел од секојдневниот живот како хетеросексуалност. ЛГБТ движењето исто така игра важна улога во Германија. Ова е заедница на лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци, трансродови и настрани. Тие се заштитени во Германија. На пример, симболот на ЛГБТ движењето е знамето на виножитото.

Menschen sitzen vor einem Cafe in der Sonne. Ein Mann in einem Rollstuhl ist zu sehen. © Goethe-Institut

Ако не се почитуваат правата, тоа во некои случаи може да биде и дискриминација. Погледнете го делот за ова на нашиот веб-портал

Video International Sign

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт