Ansicht auf ein leeres Büro mit zwei gegenüberstehenden Schreibtischen © Goethe-Institut

Колешки и колеги

Првите денови на новото работно место ќе се запознаете со Вашите колеги и колешки и со работата. На колегите и колешките најчесто по неколку дена може да им се обраќате на „ти“. Сиутацијата е поинаква кај претпоставениот, шефот. Нему речиси секогаш му се обраќаат на „Вие“. Но, тоа е различно од фирма до фирма.

Заштита за вработените

Во Германија постои заштита за вработените: фирмата мора да почитува одредени правила за безбедноста и здравјето на вработените. Тука спаѓаат, на пример: одредена работна облека, редовни паузи и работни времиња. Во големите фирми има и претставници на вработените, работнички совет. Ако имате проблем, може да му се обратите на работничкиот совет. Потоа работничкиот совет ќе разговара со Вашиот претпоставен. 

Eine Kellnerin hat ein Tablett mit Gläsern in der Hand, im Hintergrund sind sitzende Personen zu sehen. © Goethe-Institut

Работни времиња и одмор

Работните времиња се ориентираат според Вашата професија. Како медицинска сестра во болница, на пример, работите во смени: некогаш работите наутро, некогаш навечер или ноќе. Во канцеларија обично имате регулирано работно време. Почнувате наутро и го завршувате работниот ден по 8 или 9 часа. Во канцеларијата често имате лизгачко работно време, тоа значи, флексибилно работно време. На пример, наутро може да почнете во 8 или 9 часот и навечер порано илиподоцна да си заминете. На секое работно место имате најмалку една пауза, тоа е често една пауза за ручек од 30 до 60 минути. Обично се работи 38–40 часа неделно. 

Секој вработен има одреден број на денови за одмор годишно. Мора да го внесете одморот и претпоставениот мора да го одобри. Често може да го земете одмороткога сакате. Но, понекогаш не може да земете одмор затоа што има многу работа во фирмата. Понекогаш мора да земете одмор, затоа што целата фирма оди на одмор. Кога сте на одмор, и понатаму добивате плата / сатница. Кога сте болни мора веднаш да го известите Вашиот работодавец и да одите на лекар. Лекарот ќе Ви напише лекарско уверение за работодавецот. Лекарското уверение мора да го предадете во фирмата што е можно побргу. Најчесто работодавците го бараат лекарското уверение по 3 дена боледување (видете текст „Здравство“). 

Работна облека

Кај некои професии мора да носите работна облека, на пример, на градилиште за да се заштитите од повреди. Понекогаш и носите униформа, на пример, кај работа на аеродром. Често мора да носите маичка со логото на Вашата фирма. Така клиентот гледа дека се работите за фирмата.

Mehrere Köche arbeiten in einer Restaurantküche. Sie tragen Kopftücher und Kochjacken. © Goethe-Institut

Отказ

Ако не сакате или не можете да работите повеќе за фирмата, мора да дадете отказ. Отказот секогаш се дава по писмен пат. И постои рок за давање отказ. Обично рокот за давање отказ е 3 месеци.

Eine Frau sitzt an einem Tisch in ihrer Wohnung und telefoniert. Auf dem Tisch liegen Papiere und ein Laptop. © Goethe-Institut

Video International Sign

Често поставувани прашања

Имате ли дополнителни прашања? Тогаш пишете ни користејќи го формуларот за контакт. Вашето прашање ќе го пренесеме анонимно до советничките и советниците на Службата за миграција на млади.

Формулар за контакт