Ein junger Mann lehnt an einer Straßenlaterne und schaut auf sein Smartphone. © Goethe-Institut

Logo jmd4you © JMD JMD4you – за млади луѓе до 27 години

Онлајн – советувањето jmd4you е понуда од Службата за миграција на младинци (JMD)

Можете да контактирате со советничките и советниците преку интернет и да ги поставите Вашите прашања. Тимот советници советува мигранти многу години. Тие одговараат на сите прашања во врска со животот или при проблеми во Германија. На пример: Каде можам да добијам возачка дозвола? Што можам да работам во Германија? Ми треба адвокат - што треба да направам?...

Консултациите се безбедни, анонимни, повеќејазични и бесплатни. Веб-страницата за онлајн-советување во моментов е на германски, албански, арапски, англиски, руски и турски јазик.


www.jmd4you.de

Logo Mbeon © Mbeon

Онлајн советување во Германија 

Mbeon - за имигранти на возраст над 28 години

Mbeon е национална услуга за онлајн -советување за возрасни мигранти (МБЕ) врз основа на чет заснован на месинџер.

Со mbeon можете да го користите MBE деноноќно преку бесплатната апликација на вашиот паметен телефон. Може да добиете доверлив совет преку интернет на повеќе од дваесет различни јазици и да поставувате прашања во секое време. Сите советнички и советници се обучени стручни лица. 

Прво изберете консултантка или консултант од списокот. При изборот, можете да филтрирате според јазикот и локацијата. Во рок од 48 часа ќе добиете одговор на вашето прашање во приватен чет.

Исто како и при советување на самото место, ќе бидете придружувани од истата советничка или истиот советник онолку долго колку што сакате. По потреба, исто така, можете да закажете состанок со Вашата советничка или со Вашиот советник во центарот за советување.

Сите текстуални пораки, документи и гласовни белешки се испраќаат безбедно преку mbeon. Податоците се чуваат на сервер во Германија.


www.mbeon.de