Откако ќе се регистрирате, кај првиот носител на интеграцискиот курс ќе направите тест за одредување ниво. На тој начин ќе се најде соодветен курс за Вас. Трошоците за Вас обично изнесуваат 2,29 евра по час. Не сите учесници мора да го платат курсот. Повеќе информации добивате од Федералната канцеларија за миграција и бегалци.
Интеграцискиот курс се состои од јазичен курс и ориентациски курс.
Стандардниот јазичен курс предвидува 600 наставни часа. Тука се учи јазикот со теми од секојдневието, како што се пазарување, станбено прашање, деца, медиуми, слободно време, училиште и работа или посета кај лекар.
На крајот полагате завршен испит („Тест за германски јазик за доселеници“). По завршувањето на испитот добивате „Сертификат за интеграциски курс“. Со тоа ќе можете да зборувате, читате и пишувате на германски јазик на ниво А2 или Б1. Многу работодавци сакаат да го видат овој сертификат. Често ќе Ви треба и во некои државни служби, како што е на пример Управата за странци. Доколку побарате натурализација, т.е. сакате да станете германски државјанин, сертификатот од интеграцискиот курс исто така ќе Ви биде корисен.
По завршување на јазичниот курс ќе го посетувате ориентацискиот курс. Овој курс вклучува 100 наставни часа. Тука ќе научите многу работи за германскиот правен систем, историјата и културата. Важни теми се и вредностите и заедничкото живеење во општеството. На крајот ќе го полагате завршниот тест „Живот во Германија“.
Не го положивте завршниот испит? Тогаш можете да добиете уште 300 дополнителни часа настава. И испитот можете да го полагате повторно.