Во градовите има јавен превоз како С-Бан, У-Бан, трамваи (во јужна Германија: Трам) и автобуси. За јавниот превоз има апликации во скоро секој град. Можете лесно да купите билет онлајн преку апликацијата. Сепак, има и автомати на станиците и на постојките. На железничките станици има шалтери за продажба на билети. Понекогаш билетите можат да се купат директно во автобусот или во трамвајот.
Во многу градови треба да го верификувате билетот. За тоа има машини. Најчесто ја вметнувате картата во слободниот отвор и машината го става печатот на билетов. Во некои градови, билетите веднаш се валидни. На нив стои точниот час. Тие билети не треба да се верификуваат.
Можете да купите дневен билет, неделен билет, месечен билет или годишен билет. Ако често користите јавен превоз, тоа е поевтино. Деца, ученици, студенти и стари лица често добиваат попуст. Тие плаќаат помалку. Лицата со инвалидитет обично можат да користат јавен превоз бесплатно.
На постојките и железничките станици можете да ги најдете возните редови. На возниот ред пишува кога и каде одат автобусите и возовите. Ова можете да го прочитате и на интернет страниците на превозничките компании или да погледнете во апликацијата.
Најчесто на влезовите на железничките станици нема бариери. Можете слободно да влезете. Но, иако влегувате, сеуште треба да имате билет. Во автобусите и возовите има контроли на билети. Ако немате билет при контрола, ќе морате да платите казна.
Во многу поголеми градови постојат електрични тротинети или електрични велосипеди. Тие може да се изнајмат. За тоа Ви е потребна апликација. Со апликацијата плаќате по патување. Можете да побарате во апликацијата дали има електричен тротинет или велосипед во близина и веднаш да тргнете. На крај, ги оставате на одреденото место. Ова е многу практично кога нема постојка за јавен превоз во близина.