речник
C
Cообраќајна дозвола
Друг збор за регистрација за автомобилот е „сообраќајна дозвола“. Тоа е документ со сите информации за автомобилот. На пример: марката (Fiat, VW, …), регистарскиот број, лицето кое го вози автомобилот (сопственик на автомобилот).
O
Oдмор
Секоја година имате одреден број на денови од одморот. Кога имате земено одмор, и понатаму ја добивате платата/ сатницата. Мора да разговарате со Вашиот претпоставен за тоа кога може да земете одмор. Во Германија обично се работи 5 дена во неделата. Значи, ако сакате да земете една недела одмор (од понеделник до недела), потребни Ви се 5 дена од одморот.
P
Ph.D. - Титула
Е највисок академски степен на универзитетите. Има германски докторски титули, како и Ph.D. титула. Ph.D. е меѓународен и потекнува од англиско-говорни земји. Меѓутоа, се повеќе германски универзитети нудат можност за стекнување на Ph.D.
S
SCHUFA – извештај
SCHUFA-извештајот е документ што покажува дали имате долгови во Германија. Често, наемодателите бараат да го видат овој извештај. Можете да го поднесете извештајот електронски на www.schufa.de. Постојат различни видови извештаи, некои се бесплатни, додека други се наплатуваат. Документот не смее да биде постар од три месеци.
А
Агент за недвижности
Барате нов стан и потребна Ви е помош? Агентот за недвижности (Immobilienmakler, Makler) ќе Ви помогне. Агентот за недвижности ќе треба да го платите.
Агенција за вработување
Овде ќе Ви помогнат да најдете соодветна работа. Исто така, можете да добиете совети и понуди за работа од сите области. Понекогаш добивате и финансиска помош. Во секој град има агенција за вработување. Адресата на вашата агенција за вработување можете да ја најдете на www.arbeitsagentur.de.
Агенција за стопанисување
Сакате да основате сопствена фирма? Или да отворите продавница, ресторан или кафуле? Тогаш потребна Ви е дозвола застопанисување. Таа дозвола ќе ја добиете во Агенцијата за стопанисување.
Акушерка
Акушерката не е лекар. Таа е обучена да ги подготвува жените за породување и за времето после пораѓајот. Таа ќе Ви помогне за сите работи во врска со Вашето дете и ќе одговори на сите Ваши прашања.
Амбасада
Амбасадата е како конзулат. Тоа е претставништво на една земја во друга земја. Информации за германската амбасада ќе најдете на www.diplo.de.
Апликација
Сакате да добиете работно место во некоја компанија? Тогаш треба да напишете апликација: Обично тоа се писмо („мотивационо писмо“) и биографија со Вашите свидетелства. Вториот дел од апликацијата е интервјуто: Покана од работодавачот, ако писмената апликација е упешна.
И за работно место за обука треба да поднесете апликација.
И за работно место за обука треба да поднесете апликација.
Апликација за студии
Сакате да студирате на универзитет во Германија? Тогаш треба да поднесете апликација. За апликацијата за студии се потребни документи како што се, на пример, диплома за завршено образование и сертификат за познавање на јазикот. Некои документи треба да бидат официјално заверени. Некои универзитети бараат и мотивационо писмо. Универзитетот ги проверува документите и одлучува дали можете да студирате на истиот.
Б
Банкарска картичка
Со банкарска картичка можете да плаќате без готовина, ако имате трансакциска сметка во банка. Постојат дебитни и кредитни картички.
Банковно повлекување пари
Доколку купувате нешто со банковно повлекување на пари, продавачот може да го прокнижи износот со одбивање од Вашата сметка. Тоа значи дека му дозволувате парите да ги земе од Вашата сметка. Ако сметката е во банка во Германија, за тоа не се предвидени трошоци. Со банковно повлекување на пари може да се плати за нарачки од интернет, но исто така и за осигурувања и месечни износи (струја/гас, телефон/интернет). Со тоа му дозволувате на осигурувањето или на некоја фирма секој месец да зема пари од Вашата сметка.
Барање стан
Барање стан (Wohnungsgesuch) е оглас за барање стан. Во него се наведените информации дека се бара стан и важни детали, како што се големината на станот и цената на киријата со вклучени трошоци за греење. На овој начин, изнајмувачите можат да Ве контактираат ако имаат соодветен стан. Може да објавите барање за стан во весник или на јавни огласни табли, како што се тие во продавниците.
Биографија
Биографијата е дел од документите за апликацијата кога барате работа. Во биографијата спаѓаат, на пример, името и презимето, професијата, образованието и претходното работно искуство или посебните знаења (компјутер? странски јазици? ...) Пример за биографија ќе најдете во Агенцијата за вработување.
Брачно советување
Имате ли проблеми во Вашиот брак? Се карате често? Не знаете како да продолжите без помош? Брачното советувалиште може да Ви помогне. Неутрална личност разговара со Вас и со Вашиот партнер или партнерка. Друг збор за „брачно советувалиште“ е „терапија за парови“ или „советување на парови“.
В
Вакцина
Многу болести се предизвикани од бактерии или вируси. Со вакцината лекарот на лицето му ги дава истите бактерии/вируси, но тие се многу слаби. Преку вакцината се создаваат антитела. Антителата го штитат човекот од бактерии и вируси. Тој повеќе нема да ги добие овие болести. Некои од поважните вакцини се вакцините против тетанус, мали сипаници, рубеола, заушки, детска парализа, пертусис.
Венчален лист
Дали сте венчани? Тогаш во матичната служба ќе добиете документ: тоа е венчалниот лист. Друг збор за „Eheurkunde“ е „Heiratsurkunde“.
Венчален лист
Дали сте венчани? Тогаш во матичната служба ќе добиете документ, наречен, венчален лист. Друг збор за „Eheurkunde“ е „Heiratsurkunde“.
Вишо насочено училиште
Како универзитет, но повеќе ориентиран кон практиктичниот дел. Постојат високи стручни школи за инженерски науки, економија, социјална педагогија и уметнички професии. За студии на висока стручна школа обично е потребно матура или стручна матура.
Вишо стручно училиште
Тука може да се стекне повисок образовен степен. Вишото стручно училиште може да се посетува ако имате завршена стручна обука.
Возачка дозвола
Возите автомобил, камион или мотор? Тогаш Ви треба возачка дозвола. Во тој документ стои дека смеете да возите автомобил, камион или мотор.
Воспитувач/воспитувачка
Ова е професија. За ова треба да се заврши образование во специјализирано или професионално училиште. Во образованието се изучуваат предмети како психологија, педагогија, здравје, физичко и слично. Васпитувачите работат, на пример, во детски градинки, во домови за деца (домови за деца без родители) или во центри за млади. Тие се грижат за децата.
Вработен
Дали работите во некоја фирма и таму сте во работен однос? Тогаш Вие сте вработен или вработена.
Г
Гаранција
Тоа е Вашето право на продавачот да му ја вратите дефектната стока (на пример, во стоковната куќа). За тоа ќе добиете или нова стока или ќе Ви ги вратат парите назад. Може и да разговарате со продавачот и помалку да платите. Добро е да ја чувате фискалната сметка, но не е неопходно да ја имате.
Гаранција
Сте купиле некој апарат (на пр.телевизор) и се расипа? Најчесто имате гаранција и можете да го вратите апаратот во продавницата. Продавницата или производителот мора да Ви дадат нов апарат или да платат за поправката. Меѓутоа, гаранцијата важи само за определено време (најчесто 1 година, а понекогаш и повеќе години).
Готовина
Банкнотите и металните пари се готовина. Со нив можете секаде да плаќате.
Д
Двојазично училиште
Наставата е на 2 јазика, најчесто на германски и на уште еден друг јазик.
Дебитна картичка
Со дебитна картичка можете да подигнете пари од банкомат или да платите прозводи без готовина. Вообичаено можете да плаќате и преку интернет. Дебитната картичка ја добивате ако имате сметка во банка или штедилница. Дебитната картичка не е кредитна картичка. Продавачот веднаш ја одбива сумата од Вашата сметка. Дебитната картичка обично може да се користи во Европа и ширум светот. Некои продавници, хотели или компании за изнајмување автомобили не ја прифаќаат дебитната картичка. Поради тоа, банките често нудат дебитни картички, картички за тековни сметки и кредитни картички.
Дежурна служба
Лекари и аптекари кои работат во сабота/недела и ноќна смена. Ако бргу Ви треба помош, овие лекари и аптекари се тука за Вас.
Детска градинка
Децата се заедно со други деца во една група. Во градинката има деца од 3 до 6 години. Децата учат нешто од постарите деца и од воспитувачките/воспитувачите. Најголемиот број на градинки имаат и игралиште надвор.
Детска група за игра
Во нив се среќаваат децата за да си играат. Најчесто се присутни и мајките или татковците. Понекогаш едно возрасно лице ја води групата и игра со децата.
Детски јасли
Установа за мали деца на возраст од неколку месеци до 3 години.
Дневен престој
Во хортот, децата можат да останат по училиште, доколку родителите работат. Понекогаш и пред почетокот на училиштето. Во хортот, децата добиваат ручек и помош при учењето. Вообичаено, децата можат да останат во хортот до 16 или 17 часот.
Дневно згрижување
Дневната грижа е слична на дневното училиште. Тука децата можат да останат по училиште ако родителите работат. Тука децата добиваат ручек и помош при завршувањето на домашните задачи. Тие исто така играат заедно и излегуваат надвор. Понекогаш се организираат излети. Обично, децата си одат дома помеѓу 14 и 16 часот.
Договор за изнајмување стан
Земате стан под кирија? Тогаш ќе добиете документ: договор за изнајмување на станот. Вие и наемодавецот ќе мора да го потпишете договорот за изнајмување на станот. Потоа Вие сте кираџијата на станот.
Договор за работа
При постојано работно место ќе добиете договор за работа. Во договорот се наоѓаат сите правила за Вашата работа. На пример: Што сè треба да извршувате на работа? Колку плата / саатница ќе добиете? Колку часа неделно мора да работите? Колку денови одмор Ве следува? Договорот го потпишувате Вие и работодавецот.
Дознака
Банката праќа пари од една сметка на друга сметка. На пример, кај киријата за станот: парите треба директно од Вашата сметка да одат на сметката на наемодавецот. Тоа ќе ѝ го кажате на банката и банката ќе ги испрати парите на сметката на Вашиот наемодавец.
Доказ за приходи
Доказот за приходи е документ што покажува колку пари заработувате за еден месец. Често се бараат докази за приходи за последните три месеци при барање стан.
Доказ за финансирање
Со овој доказ покажувате дека имате доволно пари за да го финансирате животот во Германија за време на студиите.
Документи за апликација
Во апликацијата за работа спаѓаат следниве документи: мотивационото писмо, односно писмо до компанијата. Во него се објаснува зошто сакате да работите на таа позиција и зошто сте соодветни за таа работа. Потоа: Ваша биографија (табела со Вашето образование), Вашите дипломи и фотографија (по избор).
Државен испит
Државниот испит е завршен испит за некои студиски програми. Тоа вклучува медицина, правни науки, фармацевтски науки и некои студиски програми за наставен кадар, во зависност од сојузната покраина.
Државно училиште
Во Германија повеќето училишта ѝ припаѓаат на државата. За наставата ништо не се плаќа, таа е бесплатна.
Дуален систем
Во Германија, во стручната обука постои дуален систем. Стручната обука исто така има 2 дела: практичен и теоретски дел. Практичниот дел се учи директно во некоја компанија. Таму работите како практикант и добивате пониска плата / пониска саатница. За теоретскиот дел се оди во стручното училиште.
Е
ЕУ, Европска Унија
ЕУ е економско и политичко партнерство помеѓу некои од државите во Европа. Во моментот тоа се 27 држави. Овие држави имаат заеднички принципи, како што се слободата, рамноправноста, демократијата. Исто така имаат и заеднички пазар за нивните стоки и за работната сила. Граѓанин од една земја членка на ЕУ може да живее и работи во секоја друга земја членка на ЕУ. Исто така, 17 земји членки на ЕУ имаат и заедничка валута, еврото (€).
Европска Економска Зона
Тоа се сите земји од Европската Унија (ЕУ) како и Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.
Електронска даночна картичка
Со електронската даночна картичка за плата (ElStAM), работодавачот од даночната управа ги добива сите информации потребни за пресметка на платата (на пример, даночната класа). На тој начин, работодавачот го пресметува Вашиот данок. Тој ја одзема сумата од Вашата плата/примања и врши уплата во даночната управа. Порано, даночната картичка за плата беше во хартиена форма, а сега сѐ е по електронски пат.
Ж
Жена / Maж за чување деца
Жената за чување деца ги чува децата кај себе дома. Има и маж за чување деца. Често кај жената за чување деца има повеќе деца. Жените за чување деца мораат да завршат специјална обука и мора да се платат.
Жиро-сметка
Тоа е важна банковна сметка во секојдневниот живот. На оваа сметка, на пример, ја добивате платата, пензијата или детскиот додаток. И најголемиот број на сметки можете да ги платите од оваа сметка.
З
Заверка, заверува
Официјална институција, како на пример нотар, проверува документи и потврдува дека тие се вистински. Ова го прави со потпис и печат.
Завршен испит
Претставува завршен испит или тест на крајот од некое образование.Учесниците всушност покажуваат што научиле. Доколку учесниците го положат завршниот испит добиваат сертификат.
Завршување реално училиште
Со завршувањето на реалното училиште се добива диплома. Тоа се случува во 10. одделение. Оваа диплома се нарекува и Средна зрелост.
Законот за миграција на стручни работници
Имате професионално образование или практични вештини? Со Законот за миграција на стручни работници, можете полесно да мигрирате во Германија.
Замена
Сте купиле нешто и сакате да го вратите? Во многу продавници може да го замените: може да го вратите и да Ви ги вратат парите. Понекогаш нема да Ви ги вратат парите, но ќе добиете нешто друго од продавницата. Посебните понуди обично не може да се заменат.
Записник од примопредавање
Доколку сте земале стан под наем и сакате да се вселите? Нешто е дефектно во станот? Тогаш ќе треба заедно со наемодавецот да го запишете тоа во записникот од примопредавањето. Записникот од примопредавањето мора да го потпишете и Вие и Вашиот наемодавец.
Запишување во училиште
Запишувањето во училиште е првиот училишен ден. Со тоа започнува задолжителното образование, а ученикот го посетува основното училиште. Првиот училишен ден обично е пократок. Најчесто се одржува прослава во училиштето. Важна традиција е „торбичката за запишување“. Родителите обично ја полнат торбичката со слатки работи и ситни работи за училишниот прибор.
Згрижување деца
Имате работно место и потребно Ви е место за Вашето дете? Има различни понуди за чување на децата: децата помлади од 6 години главно одат во целодневна градинка (Kita) или детска градинка. За малите деца до 3 години има детски јасли. Или приватно може да се организира „жена за чување деца “ / „маж за чување деца “. Детето го носите кај нив наутро и го земате попладне или навечер.
Здравствено осигурување
Ова осигурување мора да се има во Германија. Здравственото осигурување најчесто ги плаќа трошоците за лекар, болница и за некои лекови. Кај лековите мал дел треба сами да платите. Ако заработувате особено малку, може да бидете осигурани преку брачниот партнер. Децата автоматски се осигурани кај родителите.
Здружение
Во едно здружение се среќаваат луѓе со исти интереси и цели: во фудбалско здружение, на пример, луѓето играат заедно фудбал, во музичко здружение луѓето заедно музицираат.
И
Избори за парламент
Секои четири години во Германија се избира нов парламент. Граѓаните на Германија гласаат на изборите за парламент за пратениците, односно за политичарите.
Извод од матична книга на родени
Документ со информации за раѓање на детето: име на детето, пол (машко или женско), датум и место на раѓање, имиња на родителите. Матичната служба издава извод од матичната книга на родени.
Изнајмител
Издавач на стан или куќа е лице кое изнајмува станови или куќи на луѓе кои бараат стан или куќа (наематели).
Изјава на кираџијата
Доколку сакате да изнајмите стан, понекогаш сопствениците на имоти бараат изјава на кираџијата. Во неа одговорувате на прашања, како што се Вашата брачна состојба или приходи. Документот можете да го најдете на интернет. Побарајте „Шаблон за изјава на кираџијата„.
Инклузија
Сите луѓе се еднакви и никој не смее да биде дискриминиран. Инклузијата значи дека се вклучува некој. Сите луѓе треба да бидат интегрирани во општеството, на работното место или во училиште. Инклузијата е спротивно од исклучувањето. И луѓето со инвалидитет треба да имаат што е можно пообично животно искуство. Во инклузивните училишта, на пример, деца со и без инвалидитет учат заедно. Луѓето со инвалидитет треба да имаат лесен пристап до работни места.
Интервју за работа
Сте се пријавиле за некое работно место? Работодавецот мисли дека Вашата апликација е интересна? Тогаш сака да Ве запознае и да дознае повеќе за Вас.
Ќе Ве покани на разговор. Тоа е интервјуто за работа. Општи информации за интервјуто за работа ќе добиете Агенцијата за вработување/во Центарот за вработување.
Ќе Ве покани на разговор. Тоа е интервјуто за работа. Општи информации за интервјуто за работа ќе добиете Агенцијата за вработување/во Центарот за вработување.
Испит за утврдување
Ако завршувањето на училиштето не е доволно за студии во Германија, треба да положите „испит за утврдување“ на студиски колеџ. Со тоа можете да студирате на германски универзитет.
Испит по германски јазик за прием на универзитет/тест за германски јазик за странци
За да студирате на универзитет или универзитет за применети науки обично треба одлично да го владеете германскиот јазик и да положите некој од овие испити. Обично овој испит може да се полага и во матичната земја. Дополнителни информации ќе најдете на www.dsh-germany.com, www.dsh-termin.de и www.testdaf.de.
К
Камата
Имате пари на Вашата сметка? Тогаш за тоа секој месец добивате пари од Вашата банка. Тоа е камата. Имате земено кредит од Вашата банка? Тогаш Вие мора на Вашата банка секој месец да и плаќате некој паричен износ. И тоа е камата.
Катна гаража
Во многу градови има катни гаражи затоа што на улиците нема доволно место за паркирање. Има неколку катови на кои може да се паркира автомобилот. Катната гаража чини пари. Обично возите со автомобилот во катната гаража и плаќате кога излегувате со автомобилот од неа. Ако автомобилот е само кратко време во катната гаража, плаќате малку. Ако автомобилот е долго време во катната гаража, плаќате повеќе.
Кауција
Кираџијата му плаќа кауција на наемодавецот кога сака да се всели во нов стан. Наемодавецот може во итен случај да ги искористи парите, како на пример, кога кираџијата не плаќа кирија. При иселување, обично наемодавецот му ги враќа парите на кираџијата. Кауцијата е со максимална висина од 3 кирии без режиски трошоци.
Кираџија
Кираџијата изнајмува стан или куќа и плаќа месечен наем и трошоци за комуналии на сопственикот на имотот.
Кирија без режиски трошоци
Тоа е киријата без режиските трошоци.
Кирија со режиски трошоци
Тоа е киријата со режиските трошоци.
Книга за семејното стебло
Ќе добиете книга за семејното стебло кога ќе се венчате. Во книгата за семејното стебло стојат информации за семејството, на пример: Како се викаат Вашите родители? Од каде сте? Кое е Вашето моминско презиме? Како се викаат родителите на Вашиот партнер? Од каде е Вашиот партнер? Дали имате деца?
Конзулат
Консулат е претставништво на една земја во друга земја. Консулатот на вашата матична земја во Германија се грижи за документи. Ако ви е потребен пасош, треба да се обратите во вашиот консулат.
Контрола на билети
Маж или жена ќе ви побараат билет во автобус, трамвај, метро или во воз. Ако немате билет, ќе морате да платите казна.
Контролен индекс на кириите
Во контролниот индекс на кириите стојат просечните цени на кириите за становите во еден град.
Кредит
Сакате да купите нешто, а немате доволно пари? Тогаш, на пример, може да земете кредит од некоја банка. Банката ќе Ви даде износ на пари за одреден временски перод. Потоа парите мора да ги платите назад со камата.
Кредитна картичка
Со неа може да се плати без готовина. Парите нема да се прокнижат директно од жиро-сметката. Најчесто тоа е како мал кредит. Кредитните картички не ги прифаќаат во сите продавници. Кога купувате преку интернет обично секогаш може да платите со кредитна картичка, исто така и кај железничките и авионските компании.
Куповен договор
Купивте нешто скапо, како на пример, автомоби? За тоа Вие и трговецот мора да потпишете документ: тоа е куповниот договор. Во куповниот договор стојат работи како цена, датум на плаќање, итн.
Курс за описменување
Тоа е курс за луѓе кои не знаат да читаат или да пишуваат. Постојат и специјални интеграциски курсеви со описменување. Овој курс интеграциски курс се вика исто така и курс за описменување и обично трае 900 наставни часови.
Куќен ред
Куќниот ред го регулира соживотот на станарите во една зграда. Постојат правила како на пример: еднаш неделно еден станар мора да ги исчисти скалите. Друго правило може да гласи: децата смеат да играат во дворот пред зградата, но не во гаражата. Куќните редови не се секогаш исти. Куќниот ред обично ќе го добиете заедно со договорот за изнајмување на станот.
Л
Лекарско уверение
Доколку сте болни и не можете да работите, најчесто Ви треба лекарска потврда за Вашиот работодавач. Тоа е документ од лекар кој потврдува дека сте болни и не можете да работите. Исто така, децата понекогаш имаат потреба од лекарска потврда за училиштето. Обично, потврдата е потребна по третиот ден (на 4-тиот ден). Понекогаш работодавачот може да ја побара потврдата и порано. За испити во училиште или на студии, исто така е потребна лекарска потврда ако сте болни. Од 2023 година, боледувањата најчесто се пријавуваат електронски.
Лична исправа
Овој документ го потврдува Вашиот идентитет. Пример за лични исправи се личната карта или пасошот. Но и возачката дозвола е лична исправа.
М
Магистер
Магистер е повисок степен на образование што може да се стекне по завршувањето на додипломските студии. На крајот од магистерските студии се пишува завршна работа (магистерска работа). Студиите обично траат 2 години.
Матична служба
Сакате да се венчате? Ќе добиете дете? Сакате да се разведете? Тогаш мора да одите во матичната служба во Вашиот град.
Матура - општа квалификација за влез на универзитет
На крајот од средното училиште полагате матура. Ова е највисокиот сертификат за завршување на училиште во Германија. После тоа можете да студирате на универзитет.
Мајчин јазик
Првиот јазик што детето го разбира и зборува. Детето го учи без настава. Тоа го учи затоа што родителите и другите возрасни лица разговараат со него. Кој е роден во Германија и таму живее, го има германскиот како мајчин јазик. Кој доаѓа од друга земја, го има јазикот на таа земја како мајчин јазик. Пожелни термини за „мајчин јазик“ се „прв јазик“ или „јазик на потекло“.
Мини-работа
Кај мини - работата заработувате максимум 538 евра месечно. Постојат различни видови на мини - работи, како што се помош во домаќинството, канцелариски работник, возач или работа во угостителство. Ваква работа може да се најде преку Центарот за вработување, во весниците или на интернет.
Минимална плата
Во Германија постои минимална плата: Работодавачите не смеат да им плаќаат на вработените помалку од 12,41 евра по час (од 2024 година).
Мобилен оператор
Доколку сакате да телефонирате, четувате или сурфате на интернет преку Вашиот мобилен телефон, потребен Ви е мобилен оператор. Тие нудат различни тарифни пакети. Мобилните оператори вклучуваат компании како што се Telekom, Vodafone или O2.
Н
Народен Универзитет
На народниот универзитет (Volkshochschule) можат да учат возрасни и млади луѓе од 16 години. Курсевите не се скапи. Можно е да се учат јазици, вклучително и германски, фотографија, изработка на накит, танц, сликање и многу други работи. Исто така има стручни јазични курсеви, како работа со компјутер. Возрасните можат да завршат и средно образование, како на пример диплома за основно образование. Курсевите обично се одржуваат навечер или за време на викенд.
Настава по веронаука
Тоа е наставен предмет. Најчесот е настава за евангелиситчката или римско-католичката религија. Во некои сојузни покраини во училиштата има и настава за православна, еврејска или будистичка религија. Во многу училишта за исламот има настава на турски или на арапски јазик. Децата не мора да одат на настава по веронаука. Но, обично во тој случај не се ослободени од настава; во многу сојузни покраини мора да посетуваат настава по етика. Тоа е настава по филозофија.
Настава по етика
Во најголемиот број на сојузни покраини учениците може да одберат помеѓу настава по веронаука и настава по етика. Во Берлин сите ученици мора да одат на настава по етика. За наставата по етика не е потребна одредена религија: се учи по нешто за различните религии и за филозофијата.
Наставен час
Наставниот час во интеграцискиот курс трае 45 минути.
Натурализација
Стекнување на германско државјанство.
Неделен пазар
Во многу градови, еднаш или два пати неделно има неделен пазар, на некој централен плоштад или во некоја хала. Продавачите се главно од регионот. На неделниот пазар има пред сè свеж зеленчук и свежо овошје, понатаму млеко и сирења, риба и месо. Понекогаш таму може да се купи и облека.
Нето
Нето е платата/саатницата без даноци и осигурувања.
Носител на курсот
Тоа се јазични училишта кои спроведуваат интеграциски училишта. Информациите може да ги добиете од јазичното училипте или на интернет. Местото кое најблиску до Вас ќе го најдете кај BAMF.
Нотар
Нотар е посебен правник. Тој може да врши важни задачи за државата. Тој се грижи документите да бидат исправни.
О
Обучувач, обучувачи (скратено: Азуби, Азубис)
Ова е лице кое спроведува стручно образование во некоја компанија.
Онеспособеност за работа
Кога не сте способни за работа. На пример, во случај на болест или несреќа.
Осигурување
Секој месец или секоја година на осигурувањето му плаќате пари за некоја одредена ситуација. Со тоа сте осигурани за таа ситуација. Пример болест: секој месец му плаќате пари на здравственото осигурување. Потоа ќе се разболите и мора да одите на лекар. Во таа ситуација здравственото осигурување плаќа за лекарот, а не Вие самите.
Осигурување за нега
Осигурувањето за нега е многу скапо. Тоа осигурување исплаќа пари ако ви треба постојана нега. Често тоа се многу стари луѓе, или ако ви треба нега по тешка несреќа.
Осигурување за случај на невработеност
Доколку некој вработен ќе стане без работното место, ова осигурување плаќа дел од неговата плата / саатница за период од една година. Сите вработени автоматски се осигурани со осигурување во случај на невработеност. Дел од трошоците за тоа плаќаат самите, а дел плаќа работодавецот.
Осигурување од несреќи
исплаќа ако имате несреќа. Постои законско осигурување од несреќи за несреќa на работа, како и приватно осигурување од несреќa за несреќа во слободно време.
Основна сметка, основни сметки
Основната сметка е банкарска сметка, слична на тековната сметка. Таа е наменета за лица кои немаат многу пари. Банките се должни да Ви овозможат отворање на основна сметка. На оваа сметка може да примате, на пример, плата, пензија или детски додаток. Исто така, повеќето сметки можат да се платат преку оваа сметка.
Основна такса
Сумата мора да се плаќа секој месец.
Отказ
Сакате да прекинете некој договор? Тогаш мора на напишете отказ. Отказот мора да биде во писмена форма.
Откупнина
Се селите во некој стан и во него се наоѓа мебел од претходниот кираџија? Често пати за тоа треба да платите извесна сума пари. Тоа е откупнина. Обично тоа се прави за покрупен, тежок мебел, како на пример, плакар. Или за кујнски мебел како што се, на пример, шпорет или фрижидер.
П
Паричен надомест за родители
Овие парични средства ги добиваат родителите кога остануваат дома со своето мало дете по неговото раѓање.
Парична казна
Преминувате улица на црвено? Возите велосипед на тротоар? Во алкохолизирана состојба возите автомобил? Доколку полицијата тоа го забележи, ќе мора да платите парична казна. Понекогаш тоа се само 5 до 10 евра. Но некогаш, сепак, може да биде многу повеќе. А во некои случаи ќе морате да ја предадете дури и возачката дозвола, што значи дека некое време нема да можете да возите автомобил.
Партија
Политичка партија е група од луѓе со заеднички желби и цели. Партијата сака за државата да донесува одлуки или да влијае врз нив.
Пасош
Овој документ го потврдува идентитетот на едно лице. Во пасошот стојат податоци за лицето (име и презиме, возраст, ...) и за државјанството. Пасошот е потребен во сопствената земја, на пример, кога одите во некоја државна служба. А пасошот е потребен и за влез во друга земја. Тогаш во пасошот често има и други податоци, на пример, за виза или насловот за престој.
Паушална цена
Ја плаќате паушалната сума и сеедно е колку време телефонирате или сте на интернет.
Пензиско осигурување
Во Германија луѓето обично работат до 67 години. Потоа се во пензија. До пензионирањето луѓето секој месец плаќаат дел од нивната плата за пензиското осигурување. Кога се во пензија, од пензиското осигурување добиваат секој месец дел од од нивната претходна плата. Вработените имаат автоматски пензиско осигурување. Трошоците ги споделуваат со работодавецот. Ако не сте вработен, може да склучите приватно пензиско осигурување.Многу луѓе имаат законско пензиско осигурување (од државата) и приватно пензиско осигурување.
Плата
оа се парите што еден работник со постојано работно место ги добива секој месец. Платата ја добивате и тогаш кога се болни или сте на одмор. Бруто е вкупната плата. Од неа мора да ги платите даноците и осигурувањата. Остатокот е нето.
Плата
Тоа се парите кои ги добивате секој месец како вработен со постојано работно место. Платата ја добивате и тогаш кога сте болни или сте на одмор. Бруто е вкупната плата. Од неа мора да ги платите даноците и осигурувањата. Остатокот е нето.
Платежно средство
Постојат различни платежни средства: на пример, готовина, банковно повлекување на пари, EC-картичка, кредитна картичка и фактура.
Покраински парламентарни избори
На секои 4 или 5 години се бираат пратениците односно политичарите за Покраинскиот парламент во сојузната покраина.
Полициско уверение за неказнетост
Тоа е документ од државна служба. Тука стои дали веќе претходно сте добиле казна од полицијата. Многу работодавци сакаат да го видат уверението за неказнетост од полицијата.
Посебна понуда
Некои продавници кратко време ги продаваат производите по особено поволни цени. Тие производи се нарекуваат посебна понуда. Посебните понуди обично брзо ќе ги најдете во продавниците: често се директно покрај влезот.
Потврда за право на учество на интеграциски курс
Тоа е документ за пријавување на курс за интеграција. Обично се добива од управата за странци во Вашиот град.
Потврда за пријавено живеалиште
Документ со Вашата адреса. Потврдата за пријавено живеалиште ќе ја добиете во управата за пријавување на боравок или во градското собрание во Вашиот град. За тоа Ви треба само Вашиот пасош. Потврдата за пријавено живеалиште обично чини 5 до 10 евра.
Потврден одговор за прием
Претставува документ кој се добива од страна на универзитетот кога сте прифатени за студии.
Право за пристап до високо образование
Ова се свидетелства со кои може да се студира на германско високо училиште. За додипломски студии (Bachelor-Studium), обично е потребно свидетелство за положена матура (Abiturzeugnis). За постдипломски студии (Master-Studium), потребно е сведителство за завршени додипломски студии (Bachelor-Zeugnis). Високите училишта одлучуваат дали странските дипломи ги исполнуваат условите за право на пристап до високото образование.
Пракса
Во практикантската работа се собираат практични искуства за некоја професија. Временскиот период на практикантската работа е различен. Може да трае 2 недели, а понекогаш трае и неколку месеци. Понекогаш се добива и одредена сума како плата.
Предавања
Предавањето е форма на настава на универзитет. Обично има многу студенти во голема просторија. Професорите раскажуваат нешто за некоја тема, а студентите слушаат и запишуваат.
Претплата
Тоа е всушност сума на пари што се плаќа однапред.
Претпоставен
Вашиот претпоставен е Вашиот директен шеф. Претпоставениот е одговорен за Вас и за Вашата работа за време на работното време. Тој кажува која работа ќе ја добиете и како треба да ја направите. Најчесто и Вашиот претпоставен има свој претпоставен.
Претставници на вработените
Претставниците на вработените ги застапуваат интересите на вработените во фирмата. Имате пробелми со работодавецот? Тогаш од претставниците на вработените ќе добиете помош. Тие посредуваат помеѓу вработените и работодавците. Постои работнички совет или персонален совет. Секоја поголема фирма има, на пример, работнички совет. Надвор од фирмата постојат и синдикатите.
Привремен испит
Привремен испит (Zwischenprüfung) се полага од страна на учениците во стручното образование по завршување на половина од времето предвидено за обука.
Привремена кирија
Овој вид кирија означува дека изнајмувате стан само за ограничен период. Ова може да се случи кога не можете веднаш да најдете стан или ако не сакате долго да останувате во еден град.
Признавање на странски дипломи
Во Германија, кај голем број професии (на пример, лекар или наставник) дозволено е да се работи само со одредена квалификација. При признавањето се проверуваат образованието и квалификациите на доселениците. Дали образованието се признава како еквивалентно со соодветното образование во Германија? Тогаш со таа квалификација можете да работите и во Германија со таа професија. Информациите ќе ги најдете кај Сојузната служба за миграции и бегалци (Bundesamt für Migration und Flüchtlinge BAMF (www.bamf.de) или на www.anerkennung-in-deutschland.de.
Пристапност, пристапно
Пристапно значи дека нешто е лесно достапно. На пример, зградите се пристапни кога има патека за луѓе кои користат инвалидска количка.
Пријава за боледување
Вие сте болни и не можете да работите? Тогаш треба да му кажете на вашиот работодавач. Тоа се нарекува пријава за боледување. Ако сте болни повеќе од 3 дена, ќе ви треба медицинска потврда од Вашиот лекар. Понекогаш работодавачот ја бара потврдата и порано.
Пробен период
На новата работа обично има пробен период. За време на пробниот период, и Вие можете побрзо да дадете отказ и Вашиот работодавец да Ве отпушти. Во тој период работодавецот повнимателно ќе Ве набљудува. Тој ќе одлучи дали и понатаму ќе работите во фирмата и по истекот на пробниот период. А Вие одлучувате дали и понатаму сакате да ја вршите оваа работа. Пробниот период може да трае до 6 месеци.
Провизија
Земате под наем или купувате стан преку агент за недвижности? Тогаш ќе мора да му платите пари на агентот за недвижности за неговата работа. Тоа е провизијата.
Програма за унапредување на јазикот
Преку специјални игри, приказни и песни децата учат да зборуваат подобро германски. Во детските градинки/целодневните градинки често има посебна програма за унапредување на јазикот кај странските деца.
Промоција
Промоцијата е процес во кој се добива титулата доктор. Тоа е највисокото образовно признание на универзитетите. Со титулата доктор се отвораат можности за работа во науката и истражувањето, а исто така и за наставни активности на универзитетите.
Р
Работна дозвола
Исто така и одобрение за работа (Arbeitsgenehmigung). Сакате да работите во Германија и не доаѓате од земја членка на Европската Унија (ЕУ)? Тогаш Ви треба работна дозвола. Дополнителни информации ќе најдете кај Агенцијата за вработување Agentur für Arbeit.
Работодавец
Тоа е на пример, некоја фирма. Таа е работодавец за вработените. Исто така и државата е работодавец, на пример, за наставниците или воспитувачите. Имате своја фирма и работите во неа? Тогаш немате работодавец.
Режиски трошоци
Овие трошоци се дополнителни кон цената за кирија за станот (киријата без режиски трошоци). На пример, трошоци за вода, светло на скалиштето и во подрумот, трошоци за ѓубрарина, антена/кабел за телевизија. Понекогаш и греењето и струјата се во режиските трошоци, но обично тоа се плаќа посебно.
Рецепт
Многу од лековите може да ги купите во аптека без рецепт. За некои лекови Ви треба документ од лекар. Тој документ се нарекува рецепт.
Родителска иницијатива)
Ова е градинка основана од родители. Често повеќе родители организираат сопствена градинка бидејќи во нивниот град нема доволно места. Градот ги поддржува овие родителски иницијативи. Понекогаш родителите мора да помогнат, на пример, со подготвување на храна или со грижа за децата кога воспитувачот или воспитувачката е болен/а.
Родителска средба
Неколку пати годишно се одржува родителска средба. Таму добивате важни информации од училиштето, разговарате за планирани екскурзии и училишни патувања. Исто така, имате можност да ги запознаете другите родители.
Родителски одмор
Родителите со постојана работа можат да земат родителски одмор. Во овој период мајката или таткото не работат. Тие остануваат дома со детето. Родителскиот одмор трае до 3 години, но можно е да се земат и само 1 или 2 години, или неколку месеци. Дел од родителскиот одмор може да се земе и до 8. роденден на детето. Ова важи за двата родители. Во првите месеци се добива родителски надомест. По завршувањето на 3 години или порано, родителите може да се вратат на работа.
Родителски разговор
Договорен состанок со наставник во училиштето. Ќе добиете информации директно од наставникот. Тој ќе Ве информира за достигнувањата и поведението на Вашето дете на училиште.
Рок за раскинување на договорот
Кираџијата мора на наемодавецот да му напише писмо пред да сака да се исели. Обично тоа се 3 месеци пред иселувањето. Често тоа е дозволено само на почетокот од месецот. И наемодавецот има рок за раскинување на договорот, тоа се 3 месеци или повеќе.
С
Самостојна дејност
ога немате работодавец, туку сами сте си шеф.
Самостојни професионалци
Слободните професионалци работат самостојно во слободни професии, како на пример: уметници, писатели или лекари. Слободните професионалци не мора да пријават бизнис.
Семестар
Еден семестар е полугодишен период на германски универзитет. Постојат два семестра: зимски семестар и летен семестар.
Семестарска партиципација
Тоа се парите кои мора да се платат секој семестар ако сакате да студирате на универзитетот.
Семестрален распуст
Семестралните паузи се период кога на германските универзитети не се одржуваат предавања или семинари. Во овој период, студентите често треба да полагаат испити или да пишуваат домашни задачи.
Семинар
Семинарот е форма на настава на универзитет. На семинарите обично има помалку студенти. Често е поинтерактивен од предавањата, каде што обично само наставникот зборува.
Сеопфатно училиште
Тоа се средното главно училиште, средното реално училиште и гимназијата во една иста установа. Децата посетуваат курсеви кои имаат различна тежина. Ако некое дете не е добро по математика, тогаш посетува поедноставен курс. Ако некое дете е добро по англиски, тогаш посетува потежок курс. Во сеопфатното училиште може релативно лесно да се премине од едно во друго училиште. Но, нема секаде сеопфатни училишта.
Сертификат за образование
На крајот од дуалното стручно образование во некоја компанија, обучувачите добиваат сертификат за образование. Овој документ е потребен за работно место во иднина.
Синдикат
Тоа се организации за интересите на вработените.
Служба за детска заштита
Службата за детска заштита им помага на децата и младите и на нивните родители. На пример, има психолошко советување во случај на проблеми во семејството. Понекогаш проблемите се толку големи што детето не може повеќе да остане во семејството. Тогаш службата за детска заштита бара друго семејство кое кај себе ќе го згрижи детето за извесно време. Службите за детска заштита често имаат и детски градинки/целодневни градинки. Во секој град има служба за детска заштита.
Служба за странци
Тука одите кога сте новодојдени во Германија. Но, исто така и во случај ако Вашата виза истекува наскоро и ако треба да ја продолжите. Во градското собрание во Вашиот град ќе Ви кажат каде се наоѓа управата за странци.
Сметка за неорочено штедење
Оваа сметка не е за секојдневието како жиро-сметката. Ако имате вишок пари, може да ги вложите на сметката за неорочено штедење. Банките плаќаат повисока камата за сметката за неорочено штедење отколку за жиро-сметката или за сметката за орочено штедење. А може и брзо да ги земете парите од сметката.
Сметка за орочено штедење
оа е банковна сметка за подолг период. Од оваа сметка не можете да вршите дознака на пари (како на пример, киријата од жиро-сметката). Кај сметката за орочено штедење за Вашите пари добивате повеќе камата отколку кај жиро-сметката. Парите најчесто остануваат подолго на сметката отколку кај жиро-сметката
Советувалиште, советувалишта
Имате прашања или проблем? Тоа е место каде што можете да добиете помош. Таму работат луѓе кои даваат информации и совети за одредена тема.
Советувалиште за трудници
Тоа е советувалиште за сите прашања во врска со бременоста. Нив ги има на многу места. Често Вашиот гинеколог може да Ви каже каде има такво советувалиште или да Ви даде совет.
Советување, советува
За време на советувањето ќе добиете помош од експерти во однос на многу прашања. Подетални информации ќе најдете во рубриката „Најдете помош“.
Социјален стан
За овие станови киријата не е толку висока како кај нормалните станови. Ако малку заработувате може да земете социјален стан под наем. За тоа потребна е потврда за станбено право. Неа ќе ја добиете во градската администрација или во управата за станбени прашања.
Социјална служба
Социјалната служба (Versorgungsamt) е орган за јавна управа. Таа е одговорна за лицата со инвалидитет. Во оваа служба може да се добие личната карта за лица со тежок инвалидитет.
Социјална служба
Социјалната служба е институција. Ако Ви треба финансиска помош, Социјалната служба проверува дали можете да добиете социјална помош.
Социјално осигурување
Тоа се здравственото осигурување, пензиското осигурување, осигурувањето во случај на несреќа и осигурувањето за нега.
Сојузна покраина
16 држави, или покраини, заедно ја формираат Сојузна Република Германија. Една покраина обично е поголема област, како што се Баварија, Хесен или Северна Рајна-Вестфалија. Но, има и градови кои се покраини, како што се Берлин или Хамбург. Секоја покраина има своја влада (покраинска влада) со парламент (покраински парламент). Покраинската влада може да донесува одредени одлуки сама, како на пример во областа на образованието и културата. Сепак, најважните одлуки ги носи сојузната влада, односно влада на цела Германија.
Сојузно министерство за надворешни работи
Тука можете да дознаете дали Ви е потребна виза за влез во Германија. Повеќе информации можете да најдете на веб страната www.auswaertiges-amt.de во делот „Виза и престој.
Специјално училиште
Децата кои не можат да учат добро или учат споро или пак имаат телесна попреченост одат во специјално училиште.
Станбена заедница
Во станбената заедница (познато како WG), луѓето живеат заедно во еден стан. Обично се делат бањата и кујната. Секој има своја соба, која се нарекува WG-соба.
Статус на престој
Статусот на престој одредува, на пример, колку време смеете да останете во Германија или дали смеете да работите. Ако имате статус на престој, тогаш сте со легален престој во Германија.
Стручна матура
Тоа е образовен степен. Стручната матура се полага во стручно насочено училиште (Berufsfachschule), на академија за насочено образование (Fachakademie) или во вишо стручно училиште (Berufsoberschule). Или преку електронски студии на стручен колеџ (Berufskolleg). Постојат 2 вида на стручна матура: степен кој овозможува студирање на универзитет на применети науки (die Fachhochschulreife) и степенот кој овозможува студирање на одредени универзитетски насоки (die Fachgebundene Hochschulreife). Со стручната матура може да се студира на одредени универзитети.
Стручна обука
Тука се учи занает или професија. Постојат два видови образование: школско и дуално образование. Школското образование се одвива само во стручни училишта и трае од 1 до 3,5 години. Во Германија, најчесто се практикува дуалното професионално образование. Дуалното образование обично се состои од два дела: настава во стручни училишта и практичната работа во компанија. Професионалното образование обично трае помеѓу 2 и 3,5 години. Тоа зависи од професијата, но и од завршеното образование. Со матура (Abitur), времетраењето на образованието често е пократко.
Стручно училиште
Стручното училиште е дел од стручната обука. Тука се учат стручни содржини за одредена професија, но исто така и содржини од други области. Неделно се предвидени 8 до 12 наставни часови. Другите денови се работи во некоја компанија. Или се одржува блок-настава: неколку недели се посетува стручното училиште, а потоа пак неколку недели се работи во соодветната компанија. Кај некои професии прво се оди една година во стручно училиште, а потоа се бара место за обука во некоја компанија. Стручното училиште е бесплатно. Како и во нормалното училиште, се плаќа само за материјалите.
Стручно училиште
Стручното училиште е место за учење каде што се спроведува школско професионално образование. Тука се изучува професија од 1 до 3,5 години. Разликата од дуалното професионално образование е во тоа што нема работа во компанија. Понекогаш, сепак, се изведува практикантска работа.
Студентски дом
Студентскиот дом е место каде што многу студенти живеат заедно во една зграда. Понекогаш се делат и кујна и бањa. Студентскиот дом обично е поевтин од другите станови. Често се наоѓа блиску до факултетот.
Студии
За некои професии, на пример, инжињер или наставник, потребно е студирање. Може да се студира на универзитет или на универзитет за применети науки.
Студиска диплома
Студиската диплома е кога ќе завршите со студирање (додипломски студии, мастер, државен испит) и ги положите сите испити. Обично на крајот се пишува дипломска работа.
Студиски колеџ
Студискиот колеџ е за студентите чии дипломи не се доволни за студирање во Германија. За да се запишете на студиски колеџ, треба да положите приемен испит и да имате добри познавања на германскиот јазик на ниво Б1. На крајот од студискиот колеџ се полага „испит за утврдување“ (Feststellungsprüfung), по кој може да се започне со студии. Студискиот колеџ обично трае 2 семестри, понекогаш и пократко. Наставата е бесплатна, но се плаќа семестрална такса.
Т
Тарифа
Одредена сума пари за некаква услуга.
Тест за одредување јазично ниво
Ова е тест пред започнување на јазичен курс. Јазичното училиште ги тестира вашите познавања на германскиот јазик за да види колку добро го владеете. Овој тест се прави пред интеграцискиот курс. На тој начин, започнувате курс на Вашето соодветно ниво. Понекогаш треба да го направите тестот уште при пријавувањето за интеграцискиот курс.
Тест по германски за доселеници
Тоа е завршниот испит за интеграцискиот курс. Испитот ќе го полагате на крајот од интеграцискиот курс. Со тоа јазикот го владеере на ниво на А2 или Б1.
Траен платен налог
Трајниот платен налог е посебна форма на дознака. Обично киријата се плаќа со траен платен налог: се одредува точниот датум кога треба да се изврши плаќањето со дознака, (на пример, првиот ден во месецот) и потоа се наведува банковната сметка на наемодавецот на станот или куќата. Потоа банката секој месец на истиот ден автоматски врши трансфер на киријата до наемодавецот.
Трудничко и породилно отсуство
Тоа се правила за заштита на трудниците и мајките со постојано работно место. Најважните правила се: жената не смее да работи некое време пред и по раѓањето на нејзиното дете. Во Германија тоа се 6 недели пред раѓањето и најмалку 8 недели по раѓањето. За тоа време жената и понатаму ја добива нејзината плата/сатница. Од почетокот на бременоста до 4 месеци по раѓањето, работодавецот не смее да ја отпушти од работа. Во одредени професии жената не смее да работи за време на целата бременост. Тоа е особено случај кај работењето со хемиски супстанции.
У
Уверение/свидетелство
Уверението е дел од документите за апликација кога барате ново работно место. Постојат работни уверение: во нив стои нешто за Вашата последна работа. А има и училишни свидетелства и универзитетски уверенија: официјални документи од Вашето училиште или универзитетот. Уверенијата и свидетелствата од Вашата земја мора да ги дадете да се преведат и заверат.
Уверение за боледување
Вие сте болни и не можете да работите? Треба веднаш да го известите вашиот работодавач. Обично ви е потребна и медицински потврда за боледување. Истата ќе ја добиете од лекар. Тие ќе ги испратат информациите директно до здравствената осигурителна компанија. Вашиот работодавач може да ја види пријавата за боледување онлајн. Можете исто така да добиете телефонска пријава за боледување. И децата понекогаш треба да имаат пријава за боледување за училиштето.
Уверение за способност за склучување брак
Сакате да стапите во брак? Тогаш ќе Ви биде потребен овој документ, доколку немате германско државјанство. Уверението за способност за склучување брак потврдува дека нема пречки за Вашиот брак. Пречка, на пример, е ако веќе сте во брак. Ова уверение покажува дали имате право да стапите во брак.
Управа за пријавување престој
Се селите во нов град? Тогаш мора да се пријавите: за таа цел ќе одите во управата за пријавување престој. Потребни Ви се важечки пасош или некој друг документ со кој се потврдува Вашиот идентитет.
Училишна обврска
Во Германија, децата мора да одат во училиште на 6 или 7 години. Во различните покраини има различни правила за тоа кога започнува обврската за школување.
Училишна професионална обука
Училишната професионална обука се изведува само во стручна средна школа. За ова Ви е потребен завршен образовен степен, а понекогаш и дополнителни искуства, како што е практикантска обука. Училишната професионална обука трае од 1 до 3,5 години, во зависност од професијата.
Ф
Фактура
Сте купиле нешто и не сте го платиле веднаш? Тогаш може да добиете фактура, на пример, ако сте купувале преку интернет. Потоа од Вашата сметка ќе извршите дознака на пари на сметката на фирмата. Обично тоа нема да Ве чини дополнителни трошоци.
Филијала
Тоа се канцеларии на големите банки, штедилници и исто така и продавници на многу места. Најголемиот број од банките и штедилниците имаат една централа и многу филијали.
Ц
Целодневна градинка
Сите места каде што се згрижуваат деца во текот на денот. Детските градинки, градинките за бебиња и училиштата за деца се деца за нега на деца. Скратенката за тоа е „Кита“.
Целодневно училиште
Во ова училиште децата се цел ден, најчесто до 16 или 17 часот. Добиваат ручек и помош со домашните задачи. А учениците може да посетуваат специјални курсеви, на пример, да учат да свират на некој инструмент, некој спорт или да играат во театарска група. Државните целодневни училишта се бесплатни, во приватните целодневни училишта мора да се плати школарина.
Центар за информации за професии
Вработените тука Ве советуваат за сите прашања поврзани со темата професии. Центар за информации за професии (BIZ) во Ваша близина можете да најдете на веб-страната на Агенцијата за вработување (www.arbeitsagentur.de).
Централа за потрошувачите
Тоа се информативни служби за потрошувачите. Потрошувач е секој човек кој купува нешто. Централата за потрошувачите дава информации за различни производи. И централата за потрошувачи помага кај правни проблеми (на пример: сте купиле нешто дефектно и продавницата не го прима назад. Тогаш централата за потрошувачи може да Ви помогне).
Ш
Школарина
Тоа се плаќа само во приватните училишта. Во приватните училишта обично се плаќаат многу пари за наставата.
Штедилница
Тоа е како банка. Но, не е приватна, туку дел од општината или градот.
вид престој / наслов
Во насловот за престој стои, на пример, колку време смеете да останете во Германија и дали смеете да работите. Со насловот за престој легално престојувате во Германија. Истиот ќе го добиете, на пример, во форма на виза, дозвола за престој или како сина Карта ЕУ.
вишо училиште
Вишите училишта ги вклучуваат универзитетите и стручните високи училишта (Fachhochschulen). Со матурска диплома (Abitur) или друго право за пристап до високо образование, можете да студирате на високо училиште.
година на образование
Дуалното професионално образование обично трае од 2 до 3,5 години. Година на образование претставува една година од времетраењето на образованието. Најчесто, годината на образование започнува на 1-ви август или 1-ви септември секоја година.
граѓанска финансиска помош
Тоа е финансиска помош за луѓе кои немаат работа. И луѓе кои работат можат да добијат граѓанска помош, но само ако не заработуваат доволно за достоен живот.
двојна студиска програма
Двојната студиска програма се состои од универзитетски студии и практична работа во компанија. Студентите учат теоретско знаење на универзитет, а во компанијата стекнуваат практично искуство.
додипломски студии
Со додипломските студии се стекнувате со универзитетска диплома која може да се стекне со право за упис во високо образование. Студиите за бечелор обично траат од 3 до 4 години. По завршување на додипломските студии, може да се продолжи со мастер студии.
дозвола за право на сместување
Согласно со дозволата за право на станбено сместување (WBS), може да се добие поповолна станбена единица ако имате ниски приходи, односно ако заработувате малку. WBS се добива на одделот за станбени прашања на градската или општинската управа.
дозвола за престој
Дозволата за престој е вид на дозвола за престојување. Таа е временски ограничена: со неа Ви е дозволено да престојувате одреден период во Германија. Со оваа дозвола сте со легален престој во Германија. Дозволата за престој се добива за одредена намена, на пример за вработување, образование или спојување на семејството. Може да се продолжи или да се замени со неограничена дозвола за постојан престој.
дозвола за стопанисување
Сакате да основате сопствена фирма? Или да отворите продавница, ресторан или кафуле? Тогаш потребна Ви е дозвола за стопанисување. Таа дозвола ќе ја добиете во Агенцијата за стопанисување. Потребни Ви се следните документи: Вашиот пасош, Вашиот вид на престој и понекогаш потврда за неосудуваност. Дозвола за стопанисување чини помеѓу 20 и 60 евра.
ентар за вработување
Тука ќе Ви помогнат да најдете соодветна работа. Тука се добиваат понуди за работни места од сите области. Понекогаш се добива финансиска помош, како на пример, за трошоци за документите за апликацијата. Во секој град има центар за вработување. Адресата на Вашиот центар за вработување ќе ја најдете на www.arbeitsagentur.de.
жиро – картичка
Со оваа картичка (порано наречена EC-карта) можете да подигнувате готовина од банкомат или да плаќате производи без готовина. Продавачот ја одбива сумата од Вашата сметка во рок од неколку дена. Оваа кортичка постои само во Германија. Помали продавници во Германија често прифаќаат само ваков тип на картичка. Често треба да плаќате месечна такса за картичката во Вашата банка.
завршување основно образование
Со завршувањето на основното училиште (Hauptschule) се стекнува Hauptschulabschluss. Ова се случува во 9-то одделение. Во некои сојузни покраини постои и квалификациско завршување на основното училиште (Qualifizierender Hauptschulabschluss или Quali). Тоа е испит што се полага на крајот од 9-то одделение. Не е задолжително да се полага Quali, но со него е полесно да се најде место за практична обука (Ausbildungsplatz) во некоја фирма.
избори во Европската Унија
Секои пет години се одржуваат избори за Европскиот парламент. Сите граѓани на Европската унија заедно го избираат Европскиот парламент. Правилата за овие избори се различни во секоја земја.
иницијативна апликација
Знаете каде сакате да работите, но компанијата нема соодветна огласена работна позиција? Сепак, можете да испратите апликација до компанијата. Ова се нарекува иницијативна апликација. Многу компании исто така пишуваат на својата интернет-страна во рубриката „Кариери“ или „Работни понуди“ дека примаат иницијативни апликации.
интеграциски курс
Интеграцискиот курс помага при прилагодување на животот во Германија. Тука ќе учите германски јазик и исто така ќе научите многу за Германија и германската култура. Дел од трошоците ги покрива Федералното министерство за миграција и бегалци (BAMF). За некои лица курсот е бесплатен.
интеграциски совет
Во Германија, луѓето кои не доаѓаат од ЕУ, не можат да гласаат. Сепак, тие можат да се вклучат политички. Во многу места постојат интеграциски совети и интеграциски советници. Тие ги претставуваат сите луѓе со миграциско потекло и ги советуваат градовите и општините. Нивната цел е да го подобрат заедничкото живеење на мигрантите и германците.
место за образование
Ова е работно место за лице кое се образува за одредена професија. За место за образование треба да се аплицира во некоја компанија.
меѓунардона студиска канцеларија
Меѓународната студиска канцеларија е дел од универзитетот. Се нарекува и меѓународна канцеларија. Дали сакате да студирате на некој германски универзитет? Тогаш вработените во Меѓународната канцеларија можат да Ви помогнат.
надоместок за невработеност
Дали го изгубивте работното место? Во тој случај можете да добиете надоместок за невработеност од осигурувањето за невработеност. Надоместокот за невработеност Ви претставува финансиска поддршка се додека не најдете нова работа.
наставен кадар
Тоа е наставник кој предава во некое јазично училиште.
образование
Со образованието се стекнуваат знаења и вештини во одредена област. Истото може да се спроведе во државно училиште, на универзитет или во некоја компанија. На крајот се полага испит. По успешно положен испит се добива диплома. Професионалното образование е посебен вид на образование каде што се учи професијата на практичен начин.
општински избори
Општина е град или населено место. Таа е најмала единица во Германија. Во општина се одржуваат избори. Правилата за општинските избори се различни во различни сојузни држави.
општите лекари
Ова е лекар за сите болести. Кога сте болни, прво одите кај матичен лекар (матичен лекар). Тие ќе ви кажат каква е вашата болест. Или ќе знаат кој специјалист ви е потребен и ќе ве упатат таму. Друг збор е „семеен лекар“ или „домашен лекар“.
платформа за работа
Платформата за работа е интернет-платформа каде можете да најдете огласи за работни места од компании кои бараат вработени.
попладневно згрижување
Попладневното згрижување е понуда за училишни деца по завршувањето на часовите. Тоа е корисно кога родителите мора да работат. Најчесто децата добиваат нешто за јадење. Детето ги прави домашните задачи тука. Често има и други понуди, на пример спорт или цртање.
рок за пријавување
Сакате да се пријавите за работно место, место за обука или студии? Често тоа може да се направи само до одреден датум. Тоа се нарекува рок за пријавување. Рокот за пријавување може да го најдете во описот на работното место или на интернет-страната на универзитетот.
семестарска такса
Семестарската такса е обавезна на државните универзитети во Германија, каде студиите се обично бесплатни. Студентите плаќаат такса по семестар која покрива трошоци за администрација, студентски услуги и билет за транспорт за време на семестарот. На приватните универзитети, таксите за студирање се многу повисоки.
семинарска работа / Студии
Семинарската работа е писмена проверка на знаењата. Студентите пишуваат семинарска работа во рамки на студиите на одредена тема. Обично, семинарската работа опфаќа 10-20 страници. Често за неа се добива оцена.
службено лице задолжено за еднаквост
Ова е лице кое се грижи за промовирање и спроведување на рамноправноста меѓу мажите и жените во една организација, на работното место или во јавните институции. Оваа функција често постои во компании, на универзитети или во државни институции за да обезбеди правична и недискриминирачка средина.
такса
Пари кои ги плаќате за некоја услуга.
Ј
јазикот од земјата на потекло
Лицата кои доаѓаат од друга земја во Германија имаат поинаков јазик на потекло од германскиот. Тоа е јазикот што го зборуваат од детството. Други зборови за „јазик на потекло“ се „прв јазик“ или „мајчин јазик“.