Мобилен телефон и интернет
Сакате да телефонирате, да сурфате на интернет, да четувате и да праќате СМС пораки? Тогаш потребен Ви е мобилен оператор. Во Германија има многу мобилни оператори. Можете да изберете од голем број договори или претплатнички СИМ-картички со различни цени. Дали многу телефонирате? Дали често сакате да користите интернет додека сте во движење? Најдете понуда што најдобро одговара на Вашите потреби.