Пасош и виза

Schild an Hauswand des BAMF © Gina Bolle

За влез во Германија потребен Ви е важечки пасош или друг документ кој го потврдува Вашиот идентитет. Пасошот ќе Ви биде потребен и подоцна, кога ќе треба да одите во некоја државна институција. Граѓаните кои не доаѓаат од Европската унија (ЕУ), потребна им е виза.

Визата ја добивате во германската амбасада (или германскиот конзулат) во Вашата земја. Дали веќе имате работен договор во Германија или дел од Вашето семејство живее таму? Дали имате стручно образование или професионално искуство? Тогаш полесно ќе добиете виза. Информации можете да најдете на веб-страната на Министерството за надворешни работи и на порталот на германската влада за стручни работници од странство „Make it in Germany“.

Канцеларија за пријавување престој и дозвола за престој

Во Германија, прво мора да се пријавите во управата за пријавување престој во Вашиот град. Честопати времето на чекање е долго, па затоа закажете термин што е можно порано. Исто така термин можете да резервирате и по електронски пат. Внесете ги „управата за пријавување престој“ и името на Вашиот град. Потоа, треба да отидете во Канцеларијата за странци. Таму ќе добиете дозвола за престој, што претставува картичка со Вашиот статус на престој. Оваа картичка покажува колку долго смеете да останете во Германија и дали смеете да работите.

Чек - листа за првите чекори во Германија

  • Интеграциски курс: Не зборувате добро германски? Тогаш имате право или обврска да посетувате интеграциски курс. Повеќе информации можете да прочитате во текстот Интеграциски курс.
  • Барање работа и образование: Агенцијата за вработување Ви помага при барањето работа и Ве информира за обуки и курсеви. Повеќе информации ќе најдете во текстовите РаботаСтудирање и стручна обука.
  • Деца и училиште: Децата во Германија мора да посетуваат училиште. Повеќе информации можете да прочитате во текстовите Грижа за деца и образовен систем.
  • Осигурување: Некои видови осигурување се многу важни, особено здравственото осигурување, пензиското осигурување и осигурувањето за нега. Повеќе информации можете да најдете во текстовите Здравство и Осигурување.

Често поставувани прашања

Следете не