За студии на нивото на дипломирани обично е потребен дипломски лист од завршено средно образование. Тоа е диплома за стручно високо образование. Мастер е повисок степен на студии. Можете да го полагате магистерскиот испит ако веќе имате додипломски студии. Државен испит се полага само во одредени студиски програми. Тоа вклучува: медицина, правни науки, фармација, хемија и во некои покраини на Германија, образование. Во овој случај студентите полагаат државен испит.
За странските дипломи, универзитетот одлучува дали имате доволно добра основа за студии. Обратете се до Академското странско биро (или: Меѓународно биро) на универзитетот. Ако сè уште не знаете каде сакате да студирате, сервисната служба „уни-асист“ проверува на многу универзитети дали можете да студирате на германски универзитет со Вашите дипломи. Информации можете да најдете на uni-assist.de и anabin.de. Финалната одлука сепак ја носи универзитетот.
На германските високообразовни институции (универзитети и факултети за применети науки), студентите треба да имаат одлично познавање на германскиот јазик. Ако германскиот не е Ваш мајчин јазик, ќе Ви треба доказ за Вашите јазични способности. Обично се бара „Германски јазичен испит за прием во високо образование“ (DSH) или TestDaF. Може да има и други барања, како одреден просечен успех. Во некои студиски програми има ограничен број места (Numerus clausus). Информирајте се за тоа во соодветната високообразовна институција.
Доколку Вашата завршена среднообразовна диплома не е доволна за студирање во Германија, ќе треба претходно да посетувате Studienkolleg. За да се запишете, треба да положите приемен испит. Потребно е добро познавање на германскиот јазик на ниво B1. На крајот се полага „Feststellungsprüfung“. Studienkolleg обично трае 2 семестри, но понекогаш може да биде и пократко. Наставата е бесплатна, но треба да се плати семестарски придонес.
Повеќето студиски програми имаат рокови за аплицирање. Затоа, информирајте се навреме доколку сакате да студирате во Германија.