Во Германија постои даночна обврска. Тоа значи: Сите лица кои работат, плаќаат данок на доход. Тоа е данокот на платата. Ќе добиете даночен број од финансиската управа и даночен ID од Федералната централна даночна управа. Тоа е 11-цифрен број. Исто така, имате и електронска даночна картичка (ELStAM). Таа директно ќе биде спроведена од финансиската управа до Вашиот работодавец.
Дали сте вработен(a)? Тогаш Вашиот работодавец ја исплаќа даночната обврска за доходот до даночната управа. Вие не треба да правите ништо. Имате своја фирма? И самостојните работници мораат да плаќаат данок на доход. Тоа е малку по комплицирано. Самостојните работници прават авансна уплата на даночната управа. За секоја година прават даночна пријава. Потоа мораат да доплатат пари или ќе ги добијат парите назад.
Висината на данокот на доход зависи од платата. Кој заработува повеќе, плаќа повеќе. Кој заработува помалку, плаќа помалку. И даночната класа е важна за тоа. На пример, оние што се оженети или имаат деца, плаќаат помалку даноци.
Ако сте член на црква, плаќате и црковен данок. Компаниите плаќаат данок на дејноста на градот или општината.
И работниците секоја година поднесуваат даночна пријава. Со тоа им кажуваат на финансиската управа колку пари примиле. Исто така, наведуваат и кои трошоци ги имале. Работниците често добиваат пари назад од финансиската управа по поднесувањето на даночната пријава. Можете сами да ја поднесете даночната пријава, на пример преку порталот ELSTER на финансиската управа. Можете да побарате помош од даночен советник, но тоа чини пари.