Лицата кои зборуваат повеќе од еден јазик имаат многу предности во приватниот и професионалниот живот. Повеќејазичните луѓе учат многу за другите култури, имаат интеркултурни компетенции и можат подобро да ги разберат различните перспективи. Тие можат да учествуваат подиректно во општеството.
Во Германија живеат многу луѓе од други земји. Тие се повеќе од 20 проценти од населението. Многу луѓе кои се преселуваат во Германија, учат германски како странски или втор јазик. Германскиот јазик е важен за нив. Тие можат да зборуваат со други луѓе, полесно можат да најдат работа и можат подобро да ја разберат германската култура. Но, и сопствениот јазик, јазикот на потеклото, е исто така важен.
Поттикнување на германскиот јазик
Германскиот јазик е многу важен и за возрасните и за децата. Со него полесно комуницирате. Полесно можете да најдете пријатели. Возрасните имаат потреба од германскиот јазик во работата и во секојдневниот живот, како на пример при пазарење или во јавни институции. Во многу институции има информации на различни јазици. Можете исто така да добиете помош од преведувачи. Тие го зборуваат Вашиот мајчин јазик и германски и можат да преведат ако не можете да кажете или разберете нешто. Децата имаат потреба од германски за во училиште. Јазикот се учи преку слушање, читање, зборување и пишување. Возрасните можат да посетуваат интеграциски курс или други курсеви по германски. Повеќе информации можете да најдете во текстот „Интеграциски курс“.
Потребен Ви е редовен контакт со јазикот и многу можности за вежбање. Треба често да го користите германскиот јазик. Најдобро е да се користи во реални ситуации, на пример при пазарење. Зборувајте многу со лица кои го зборуваат германскиот како мајчин јазик.
Децата најчесто го учат германскиот јазик во контакт и игра со други деца и возрасни, на пример во градинка или во училиште. Овие деца растат со повеќе јазици (билингвални). Читањето книги им помага на децата да го учат германскиот.
Постојат различни програми за градинки и основни училишта, на пример курсеви по германски или групи за дополнително учење на германскиот јазик. Ако детето не зборува доволно германски, ќе добие помош. Постојат и советодавни служби кои даваат совети и информации.
Поттик на мајчиниот јазик
Вашите деца треба исто така добро да го зборуваат својот мајчин јазик. Така ќе можат полесно да учат и други јазици. Со мајчиниот јазик тие учат многу за културата и традициите на нивната родна земја. Во многу семејства, мајката и таткото зборуваат ист јазик. Но, во некои семејства тоа е различно. Тогаш секој треба да го зборува својот јазик со децата. Можете редовно да им читате книги, да пеете песни и да играте игри. Можете да разговарате со членови на семејството преку телефон.
Во големите градови често има билингвални (двојазични) градинки или меѓународни училишта. Многу конзулати и здруженија нудат настава на мајчиниот јазик за училишни деца. Децата учат да читаат и пишуваат на својот мајчин јазик и добиваат информации за животот и традициите во земјите од каде што потекнуваат. Во некои покраини постои поддршка на мајчиниот јазик и во редовните училишта. Оваа настава се вика настава на мајчин јазик (МЈУ).
На Интернет можете да најдете многу понуди, на пример групи за деца, спортски клубови или заеднички излети. Така децата и родителите можат редовно да го зборуваат својот јазик на други места.
Совети за повеќејазично воспитување
Позитивниот став кон јазикот го олеснува учењето.
Таткото и мајката треба да зборуваат со децата на својот мајчин јазик.
Зборувајте дома на мајчиниот јазик.
Не ги принудувајте децата да зборуваат одреден јазик. Понекогаш децата немаат желба за тоа. огаш нека зборуваат само на јазикот што тие го сакаат. Ова може да се смени во иднина.
Поттикнувајте го учењето на германскиот јазик, покрај мајчиниот јазик.
Советодавни служби нудат помош и поддршка. Побарајте ги на Интернет под името интеркултурна советодавна служба“ или „повеќејазична советодавна служба“.
Повеќејазичноста има многу предности: можете да зборувате со повеќе луѓе и полесно да се разберете. Лесно можете да најдете работа и понекогаш дури и повисока плата. Учите за други култури и подобро се снаоѓате со луѓе од различни земји.
Запишете се на курс по германски јазик. Учете и вежбајте дома со книги, филмови, подкасти или онлајн вежби. Слушајте и зборувајте што е можно повеќе на германски јазик.
Постојат многу понуди на интернет и советодавни служби. Понатаму, има и училишта каде се изучува мајчиниот јазик. Децата учат читање и пишување на мајчиниот јазик и учат многу за нивната татковина.