Пазарење
Во сите градови, но и во некои села во Германија, има супермаркети. Таму обично можете да најдете сè што Ви е потребно за секојдневниот живот: леб, месо, овошје и зеленчук, млеко и јогурт, чоколада, средства за чистење, тоалетна хартија и многу повеќе. Продавниците во Германија имаат различно работно време. Супермаркетите обично се отворени од 7:00 до најмалку 20:00 часот.