Проширен наставен концепт
Нашиот А1-курс е поделен на две последователни нивоа: A1.1 и A1.2. Секое ниво трае по три недели. Наставата се одржува од понеделник до петок, по 4 часа дневно. Работиме со учебникот „Menschen“ и користиме дополнителни материјали. Со примена на таблети и смарт табли, наставата е интерактивна и динамична, така што активно ќе го користите германскиот јазик и брзо ќе напредувате.
Во секое ниво се предвидени 3 дена за повторување на материјалот и со тоа се утврдува знаењето и содржините од курсот. Во текот на овие денови учесниците работат и на специјални модули во кои се обработуваат важни секојдневни теми како живеење, работа, институции и снаоѓање во секојдневниот живот во Германија.
На крајот од курсот следува целна подготовка за А1-испитот (потребен за добивање виза) и притоа се вежбаат типични испитни задачи, со цел сигурно и добро подготвени да пристапите на испитот. Дополнително нудиме поддршка за учење надвор од наставата, библиотека со материјали за секојдневниот живот и работа во Гермамија, индивидуално советување за теми како виза и живот во Германија, како и користење виртуелна реалност (ВР) односно технологија, преку која учесниците можат веродостојно да вежбаат секојдневни ситуации и подобро да ги разберат и совладаат предизвиците од секојдневниот живот во новата средина.

Сè уште не го најдовте токму она што го барате?
Сигурни сме дека го имаме вистинскиот курс и за Вас.
Имате ли уште прашања? Со задоволство ќе Ве советуваме:
Имате ли уште прашања?
Со задоволство ќе Ве советуваме: