Goethe-Zertifikat B1

Goethe-Zertifikat B1 Foto: Getty Images/DexImage

Сакате ...

  • да посетувате подготвителни курсеви за студии во Германија
  • да живеете и работите во Германија
  • да го покажете постигнатиот успехот на ниво Б1
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat B1 е испит по германски јазик за младинци и возрасни. Потврдува дека можете самостојно да го употребувате германскиот јазик и соодветствува со третото ниво (Б1) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажувате дека ...

  • можете да ги разберете главните информации, кога се употребува јасен литературен јазик и кога станува збор за познати нешта од областите работа, училиште, слободно време итн.
  • можете да се справите со повеќето ситуации, во кои можете да се најдете при патување во земји во коишто се зборува германски јазик.
  • можете едноставно и поврзано да се произнесете за познати теми и области од личен интерес
  • можете да известувате за искуства и настани и да опишувате соништа, надежи и цели, како и да давате кратки образложенија и објаснувања.

Опцијата „Јава-скрипт“ во вашиот пребарувач е деактивирана. Активирајте ја опцијата за повторно да ги видите курсевите.

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ

                  

Кандидатите може да го подигнат сертификатот лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.

Резултатите за испитите А2, Б1, Б2 и Ц1 по правило се објавуваат на веб-страницата 15 дена по датумот на испитот.


Ergebnisse B1 05.04.2024 // Подигнување на сертификати на 18.04.2024 од 09:00-10:00 часот (само со валиден пасош)
 

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat B1 можете да најдеш тука: