Goethe-Zertifikat A2

Goethe-Zertifikat A2: Start Deutsch 2 Foto: Getty Images/Daniel Laflor

Сакате ...

  • да докажете едноставни познавања од германскиот јазик
  • да го докажете постигнатиот успех на ниво А2
  • официјален и меѓународно признат сертификат

Goethe-Zertifikat A2 претставува испит по германски јазик за возрасни. Потврдува дека поседувате основни јазични познавања и соодветствува со второто ниво (А2) од скалата на компетенции на Заедничката европска референтна рамка за јазици (ЗЕРРЈ), која предвидува шест нивоа.

Со положувањето на испитот покажувате дека ...

  • можете да се разберете и да употребувате реченици и често употребувани изрази во секојдневни ситуации.
  • можете да се разберете во едноставни, рутински ситуации, во кои станува збор за размена на информации за познати и чести теми.
  • на едноставен начин можете да ги опишете сопственото потекло и образование, непосредната околина и нештата што имаат врска со Вашите потреби.    

Опцијата „Јава-скрипт“ во вашиот пребарувач е деактивирана. Активирајте ја опцијата за повторно да ги видите курсевите.

*) Курсевите и испитите се слободени од ДДВ согласно член 23 став 1 точка 17б од Законот за данокот на додадена вредност

**) Пониската прикажана цена важи во случај да веќе сте слушале некој курс по германски јазик во Гете-Институт во изминатиот временски период од шест месеци. Шесте месеци притоа се однесуваат на временскиот период помеѓу моментот на завршувањето на јазичниот курс и терминот за полагање на испит по германски јазик. Во овој случај автоматски се менува цената за време на процесот на резервирање. Доколку не се случи тоа, Ве молиме да се обратите во канцеларијата, надлежна за курсот.

РЕЗУЛТАТИ ОД ИСПИТ

      

Кандидатите може да го подигнат сертификатот лично со пасош или со полномошно заверено на нотар.

Ergebnisse A2 15.07.2022 // Подигнување на сертификати на 21.07.2022 од 08:00-09:00 часот

Подготовка

Материјали за вежбање

Тука можете да најдете модел-тестови за вежбање онлајн, исто така дирекно на компјутер и интерактивни.

Дополнителни информации

Предуслови, содржини на испитот и други информации за Goethe-Zertifikat A2 можете да најдеш тука: